Анастазија е висока 1,6 метри, но со овие генијални стилски трикови таа може лесно да нѐ измами дека е повисока

Анастазија Дупе (26) од Лос Анџелес, Калифорнија , може да се пофали со висина од метро и шеесет и секогаш е во потрага по начини како да изгледа повисоко.

Скролајте надолу за видео

Неодамна, Анастазија ги претстави нејзините пет омилени стилски трикови за да ѝ помогнат да изгледа повисоко.

Нејзиниот прв совет е да се носи фустан уз тело.

„Секој фустан кој е обвиен точно како што треба околу вашето тело е ваш најдобар пријател, бидејќи мини фустаните ќе направат да изгледате многу пониски“, рече таа.

 

Следно, 26-годишната девојка ги советуваше своите гледачи да се одлучат за пар кремассти потпетици без ремен за глуждот.

Таа објасни: „Носете кремасти, односно боја на кожа потпетици без ремен околу глуждот бидејќи ременот ќе ви ги пресече нозете и ќе ве направи да изгледате многу пониски. Како што можете да видите овде, тоа е како илузија, вашите нозе изгледаат подолги“.

Потоа, Анастазија ја смени облеката и забележа дека покажувањето малку кожа со облекување кратка маичка и фармерки со висок струк ќе ви помогне да ги издолжите нозете. Додека го даваше овој совет, таа додаде дека „нема ништо лошо во тоа да се биде низок“.

 

И на крај, Анастазија ги советуваше гледачите да ги фрлат кратките чизми до глужд и наместо тоа да носат чизми до колена доколку сакаат да ја истакнат својата висина.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *