Англичанецот кој дворот си го претворил во тропска џунгла: Складирав илјадници литри дождовница за да се заштитам од сушата што доаѓа

Градината на Мајк Клифорд, која е долга 65 метри и се наоѓа зад неговиот приградски бунгалов во британскиот град Пул, е преполна со извонредни видови растенија од Јужна и Централна Америка, Африка и Кина , од кои многу од нив се изложени на ризик да умрат поради недостигот на дожд.

Фотографиите од птичја перспектива го откриваат остриот контраст помеѓу прекрасната зелена парцела на 61-годишниот и исушените тревници на неговите соседи.

Г-дин Клифорд вели дека изградил систем на цевки затрупани под земја кои содржат над 2.000 литри дождовница собрана во зима. Тој се надева дека тоа ќе биде доволно за да ја спаси својата градина.

Страсниот градинар користи потопни пумпи, како и две црева за да ги натопи растенијата. Ако неговите резерви на вода траат до септември, тогаш тој ќе може да ја спаси градината до следното лето. Тој потоа ќе ископа и ќе го спакува поголемиот дел од својата микро-џунгла во обид да ја заштити од зимскиот студ.

Тој вели: „Топлото време поинаку влијаеше на секој вид – многу од растенијата како ѓумбирот рано процветаа“.

„Нормално би очекувале да цветаат во септември само неколку недели пред да бидат подготвени за во зимата, па затоа е убаво да уживате во нив малку порано. Но, големите лиснати растенија не ја сакаат топлината. Ужасно венеат. Ако излезете таму на пладне, можете да видите дека тоа се случува. Ги полевам доста, но не секогаш успева“.

Оваа година тој засадил неколку нови видови растенија – вклучително и неверојатно ретката „Света Елена Абонос“, или „Trochetiopsis ebenus“, која е критично загрозена во дивината.

Г-дин Клифорд започнал со тропско градинарство откако се инспирирал од ТВ документарен филм на оваа тема во 90-тите.

Тој и неговата сопруга се преселиле во бунгаловот пред 10 години и ги пресадиле повеќето растенија од нивниот стар дом.

„Потенцијалната забрана за поставување на црева е малку загрижувачка, но се приближуваме до крајот на сезоната, па ако издржи до септември, ќе бидам среќен“. – додава Клифорд, на темата за овогодинешната суша во Велика Британија.

Овогодинешните предупредувања за условите за суша во Британија се дека сушата може да трае и до три месеци. Центарот за екологија и хидрологија на Велика Британија предвидува „исклучително ниски“ нивоа на проток во реките до октомври.

„Темза Вотер“ претпријатието кое покрива делови од Лондон, Сари, Беркшир, Оксфордшир, Вилтшир и Кент, смета дека забраната за цевки мора да се случи и покрај фактот што сега дозволува 635 милиони литри вода дневно да истечат од цевките.

Дополнителен притисок за водоводните компании да дејствуваат може да дојде оваа недела кога Агенцијата за животна средина се очекува да објави дека Англија е во состојба на суша.

Забраните би го сметале за прекршок користењето пумпи за наводнување градини, перење автомобили или полнење базени, а сето тоа може да биде и  казниво со околу 1.000 фунти од прекршок.

Тоа се случува бидејќи милиони Британци би можеле да се соочат со забрана за поставување на црева, откако во јавноста излезе документ кој откри дека уште три водоводни компании планираат ограничувања во оваа област, поради сушата.

 

 

 

 

  • Никос напиша:

    Паметна будала

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *