Апел за помош: Петар од Охрид се бори со ретка болест и чека итна операција — неговата самохрана мајка Гордана бара помош за да го ослободи синот од болка
Гордана е самохрана мајка од Охрид која веќе години го минува животот меѓу болници, чекалници и надеж. Нејзиниот син Петар се бори со ретка болест — Tyrosine Hydroxylase deficit — наследно невролошко нарушување кое влијае на производството на допамин во мозокот, предизвикувајќи мускулна слабост, проблеми со движењето и сериозни деформитети. Поради доцно откривање, последиците по неговото тело се тешки и трајни.

На својот Фејсбук профил таа објави дека благодарение на хуманоста на луѓето од Македонија и странство, Петар стигна до последната операција. Но телото не чека — поради слаба циркулација во левата нога, силни болки кои не стивнуваат ни со аналгетици и деформитет на стапалото, докторите итно закажале зафат уште пред Јуни.
Операцијата, заедно со физикалната и роботската терапија која следува, чини околу 40.000 евра и повторно ќе биде во Истанбул.
Гордана сама не може да ги обезбеди средствата. Но знае дека не е сама.
Ако можете — донирајте. Ако не можете — споделете. И едното и другото е животно важно за Петар.
Донации:
- 🏦 Трансакциска сметка:
270-7000821760.21— Gordana Poposka, HALKBANK - 🌐 pavelandreev.org
- 🌐 gofund.me/7cd3cbca9
- 📞 T-Mobile: 143-161 | A1: 143-479

Коментирај анонимно