Археолозите пронајдоа врски на Самуиловаta тврдина во Охрид со Филип II Македонски
Над Охридското Езеро, на местото што денес го препознаваме по Самуиловата тврдина, археологијата отвора постара приказна од средновековието. Ридот не бил важен само во времето на цар Самуил, туку, според наодите, бил утврден многу векови претходно.

Масивни камени блокови во цитаделата се датирани во IV век пр.н.е.
При ископувањата биле откриени остатоци од стари бедеми и кула. Стручната документација ги поврзува овие градби со времето на владеењето на Филип II Македонски, што ја поместува важноста на локалитетот далеку наназад во античкиот период.

Еден рид над тогашното Лихнидско Езеро ги спојува античка Македонија, Рим, Византија и средниот век
Поради овие наоди, постои претпоставка дека Филип II Македонски имал директна улога во изградбата или утврдувањето на овој стратешки важен простор. Токму затоа Самуиловата тврдина не е само симбол на една епоха, туку место каде што се читаат повеќе историски слоеви на Охрид.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно