Авганистан го зафати зима каква што не се памети: Повеќе од 160 луѓе умреа од студ

Авганистан доживува една од најстудените зими, со температури кои на почетокот на јануари паѓаа до -28°C, што е далеку под националниот просек од 0 до 5°C за овој период од годината.

Повеќе од 160 луѓе умреа како резултат на суровата авганистанска зима, која надлежните ја нарекоа најлоша во последната деценија.

Покрај тоа, околу 70.000 грла говеда измрзнаа до смрт низ целата земја.

„Повеќето од луѓето кои умреа од студот беа овчари или луѓе што живееја на село. Тие немаа пристап до медицинска нега“, изјави за Би-Би-Си Мула Мохамад Абас Ахунд, вршител на должноста министер за управување со катастрофи.

„Загрижени сме за луѓето кои сè уште живеат во планините. Повеќето патишта кои минуваат низ планините се затворени поради снег. Таму се заглавија автомобили, а патниците загинаа од ниските температури“.

Абас Ахунд рече дека многу делови на Авганистан во моментов се целосно отсечени од снегот, додавајќи дека воени хеликоптери се испратени да помогнат, но не можеле да слетаат во најпланинските области.

И покрај тоа што се предвидува пораст на температурите во следните 10 дена, се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте.

  • aneta напиша:

    sve poremeteno: sneg i toplo kaj ne treba

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *