Австралиско мочуриште мистериозно стана розово- властите предупредуваат на можните причини и опасности

Луѓето се предупредени да се држат настрана од река во Квинсленд, Австралија која мистериозно стана розева, навидум преку ноќ.

Мочуриштата Бундал, во регионот на заливот Моретон северно од Бризбејн, доживеаја радикална промена на бојата оваа недела. На фотографијата споделена на „Reddit“, се гледа млечно розовата боја како ги зафаќа водите во шумата во Бризбејн.

„Бундал мочуриштата денес изгледаат малку загадени“, напиша лицето што ја сподели фотографијата.

 

 

Некои корисници се загрижени дека водите се загадени од блиската област за управување со отпад, но други рекоа дека бизарната боја е поверојатно поради природното цветање на алгите.
Други се пошегуваа дека можеби е резултат на откривање на полот или „солзи на 10.000 фанови на Лајонс и Бронкос“ по поразот на Квинсленд во големото финале на НРЛ и АФЛ викендот.

Портпаролот на градскиот совет на Бризбејн рече дека советот не знаел што ја предизвикало чудната промена на бојата и потврди дека службениците на советот ќе ја посетат локацијата и ќе го проценат квалитетот на водата. Портпаролот истакна дека розовата вода може да се појави природно, особено во топло и суво време.

„Потоплото време и слабите врнежи може да доведат до помал проток на вода и повисоки нивоа на сол, предизвикувајќи алгите и бактериите во водата да станат розеви“, рече портпаролот.

Научникот за животна средина Мишел Барфорд од Австралискиот институт за реки се согласи дека розовата боја може да се должи на цветањето на алгите , бидејќи постои еден вид алги што е розова. Алгите можеле да бидат подигнати  од плимата или да се издигнат под површината, додаде таа.

 

 

„Понекогаш, ако временските услови се соодветни и навистина е мирно, алгите можат да допливаат до површината и потоа да се разнесат ако има малку ветре што може само да ги турне на брегот“, изјави Барфорд за „Yahoo“.

Додека Барфорд рече дека е можно да има проблем со загадувањето, таа сметаше дека е малку веројатно затоа што мочуриштата се „прилично чиста област“.

Ако розовата боја се должи на алгите, Барфорд рече дека нема да трае долго, „обично само неколку дена“, но таа ги повика луѓето да се држат настрана од страв дека водата може да биде и токсична.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *