Австриски земјоделец потрошил три години создавајќи оклоп за заштита на овците од волци
Рудолф Шаубах, од градот Филах во јужна Австрија, добил идеја да создаде верижен оклоп за овци поради се поголемиот број напади од волци во неговата земја и во соседна Германија.
По три години работа, конечно стигнал до прототип што може да се користи. До неодамна го тестирал на фарми во австриските Алпи, се додека проектот не предизвикал полемика меѓу одгледувачите на овци.

Содржина:
- Оклоп што треба да боли при првиот залак, но да не ја спречува овцата да пасе
- „Не верувам дека би се обидел да касне овца вторпат“
- Рене Кригер има околу 1.000 овци и вели дека идејата е „непрактична“ и „штетна“
- Џина Штрампе прашува кој може да облече стотици или илјадници животни во пластична мрежа
- Една овца ја носела мрежата неколку дена, но волк се уште не ја тестирал
Оклоп што треба да боли при првиот залак, но да не ја спречува овцата да пасе
Идејата на Шаубах била едноставна: да смисли вид заштита што ќе ја брани овцата од каснувања од волк, а притоа ќе и дозволи слободно да се движи и да се храни.
Тој направил лесна пластична мрежа покриена со остри шилци. Според него, тие би му предизвикале доволно болка на волкот за да го одвратат од нов обид.

„Не верувам дека би се обидел да касне овца вторпат“
Шаубах тврди дека неговиот изум се потпира на однесувањето на самиот предатор, а не само на физичката пречка.
„Волкот е интелигентно животно, не верувам дека би се обидел да касне овца вторпат“, им изјавил изумителот на австриските новинари.
https://youtu.be/ic7VTo8Vxq8?si=uUghQFJmzYUYOnsx
Рене Кригер има околу 1.000 овци и вели дека идејата е „непрактична“ и „штетна“
Реакциите од јавноста и од одгледувачите на овци претежно биле негативни. Многумина го оцениле оклопот како непрактичен поради вкупните трошоци, но и како неефикасен за запирање напади од волци.
Рене Кригер од градот Версбе, кој чува околу 1.000 овци, ја отфрлил идејата на Шаубах како „непрактична“ и „штетна“ за животното.
Тој предупредил дека волната на овцата со текот на времето може да се заплетка во мрежата, а дека волците, наместо да се откажат, на крајот би ја смениле тактиката и би напаѓале изложени делови од телото, како нозете или главата.
Џина Штрампе прашува кој може да облече стотици или илјадници животни во пластична мрежа
Скепса изразила и Џина Штрампе од Здружението за земјоделско одгледување на Долна Саксонија.
Таа тврдела дека верижниот оклоп за овци на Рудолф Шаубах не е финансиски одржливо решение, бидејќи никој не може да си дозволи да облече стотици, па дури и илјадници животни во пластичната мрежа.
Една овца ја носела мрежата неколку дена, но волк се уште не ја тестирал
Рудолф Шаубах досега ги отфрла сите критики. Тој вели дека луѓето го оценуваат неговиот оклоп за овци само откако виделе фотографии, наместо да му дадат шанса во пракса.
Иако самиот се уште не го тестирал во реални услови, за да види како ќе се покаже при напад од волк, тој го ставил на овци. Според него, една овца ја носела заштитната мрежа неколку дена без никакви проблеми, се движела и јадела нормално.
По растечката полемика околу неговиот изум, Шаубах престанал да го тестира во Австрија и засега бара можности да го испроба на друго место.

Коментирај анонимно