Авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг повторно го „запали“ интернетот: „Не постојат транс деца, луѓето не можат да се родат во погрешно тело“

Џ.К. Роулинг повторно е на удар на критики по нејзиното изјавување дека не постојат „транс деца“ и дека луѓето не можат да се родат во погрешно тело.

 

 

 

Роулинг, која веќе неколку години е во центарот на контроверзии поради нејзините ставови за правата на жените и трансродовите прашања, во пост на „X“ изјави дека не постојат транс деца. Таа одговорила на критика, велејќи: „Не постојат транс деца. Ниту едно дете не е родено во погрешно тело. Постојат само возрасни како тебе, подготвени да го жртвуваат здравјето на малолетници за да ја поддржат својата идеологија која ќе предизвика повеќе штета отколку лоботомии и синдром на лажни сеќавања заедно“.

Нејзиниот пост предизвика бројни силни реакции, мнозинството од нив ја поддржаа. Некои ја нарекоа „херој“, додека други изразија благодарност за нејзината силна позиција.

Во текот на оваа година, Роулинг откри дека некои нејзини колеги кои се оддалечиле од неа по нејзините ставови за трансродовите лица, тајно и испраќале пораки за да се осигураат дека се сè уште пријатели.

 

 

Роулинг исто така ги критикуваше термини како „цис“ (не-транс родови лица) и ја опиша употребата на такви зборови како „идеолошки јазик“. Во 2020 година, таа изјави дека го знае и ги сака трансродовите лица, но додаде дека бришењето на концептот за секс го отстранува можноста за значајна дискусија за животите на многумина.

Некои луѓе ја критикуваа нејзината позиција, велејќи дека повеќето трансродови возрасни лица биле трансродови деца, а одбивањето на нивното постоење не ги решава проблемите.

„HBO“ американската продукциска компанија, ја бранеше Роулинг по критиките за нејзините ставови и изјави дека ќе продолжи со развојот на новата серија „Хари Потер“, која ќе биде „верна, но подлабока адаптација“.

  • Trump напиша:

    Slava tebe Gospode edna Pametna Licnost Kaza tos sto mnogu go Molcat bravo Bolesnici Lgbt zaednica Satanisti

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *