Балканец го претепал целото семејство и завршил на суд. Го прашува судијата:
– Зошто го претепавте семејството? – Се враќам јас дома од работа, влегувам во спалната соба и ја гледам жена ми со комшијата. – И тогаш ви пукна филмот? – Ма не. Си реков, што ќе прави жена ми додека јас работам по цел ден, навечер се враќам уморен од работа, мора малку да се снаоѓа. Одам кај ќерка ми во соба, а таа со двајца момци – едниот врз неа, другиот под неа… – И тогаш ви се стемни пред очи? – Ма не. Си реков, млада е, треба сè да проба. Потоа одам кај син ми во соба, а тој со заврзан ракав, раката му помодрела, шприцот во вена… – И тогаш ви падна мрак на очи? – Ма не. Си реков, млад е, а дрогата е во мода. Ама кога видов дека печката е пуштена на тројка…
Коментирај анонимно