Банка во која нема готовина? Жена отишла да подигне пари од својата сметка во банка, но на шалтер ѝ кажале дека банката повеќе „не држи“ готовина

Една клиентка останала вчудоневидена кога на шалтер во банката ѝ кажале дека немаат пари во филијалата за да го исполнат нејзиното барање за повлекување, што ја натерало да ја затвори својата сметка на лице место.

Тарин Комптин, од Австралија, отишла во нејзината банка за да подигне 3.500 долари за да плати за реновирање, но не ја имала при рака нејзината картичка од банкомат.

„Си реков добро ќе одам на шалтер да извадам пари. Но на шалтерот жената почна да ми објаснува како немале готовина во банката и дека можам да извадам преку банкомат со привремена картичка што таа ќе ми ја даде. Но не можев да извадам ни така, затоа што постојано викаше дека има некаква грешка. Кога се вратив на шалтер за да им кажам дека не работи, тие ми рекоа „Навистина ми е жал што ништо не можеме да направиме“.Бев како „што сакаш да кажеш? Треба да ги извадам парите од мојата банкарска сметка“.

Г-ѓа Комптин рече дека вработената ѝ предложила да ги префрли готовината на сметка во друга банка – доколку ја има – и да пристапи до неа.

„Среќа што имам сметка во друга банка, па го префрлив секој денар од таа сметка, ја затворив сметката додека бев таму и отидов и ги извадив парите од другата банка. Но, само ме натера да размислувам за нашиот банкарски систем и каде сме и како по ѓаволите можете да одите во банка и да не пристапите до вашите сопствени пари“, рече г-ѓа Комптин.

 

„Да, тие се обидуваат да станат дигитални…“, напиша едно лице.

„Во банка воопшто да нема пари?! Разбирам дека не можам да извадам 10 илјади на лице место, но како пријателе!! Воопшто немате готовина?“ извика друго лице.

Што мислите Вие, до колкава сума можете да извадите од вашата банка, ако ви затреба во моментот? Дали ако сите ние си ги побараме нашите пари во ист момент, банкарскиот сектор ќе крахира?

  • Жарко Г. напиша:

    БАНКИТЕ ТРЕБА И МОРА ДА СЕ УНИШТАТ!!!
    Најголемото зло на човекот во денешно време.
    Инаку оваа ANZ Bank е позната и по тоа што си „креирала“ и NON USING ACCOUNT FEE што би се рекло, доколку од сметката ниту подигате, ниту ставате средства на неа, банката ќе ви пресмета и ќе ви наплати провизија за НЕКОРИСТЕЊЕ НА СМЕТКАТА.
    Само да кажам дека секоја година австралиските банки пријавуваат приходи од по неклку милијарди долари, а нивните извршни менаџери земаат плати и до 20 милиони годишно.
    Е па сега…МИЛУВАЈТЕ ГИ БАНКИТЕ.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Жарко Г. Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *