Бебе родено со 26 прсти на рацете и нозете се смета за „реинкарнација на хинду-божица“

Бебе родено во Индија има 26 прсти на рацете и нозете – а нејзиното семејство смета дека тоа е божествено.

Новороденчето од Бхаратпур, во северната индиска држава Раџастан, има по седум прсти на секоја рака и шест прсти на секоја нога.

 

Медицинските професионалци рекоа дека таа е родена со ретка генетска абнормалност – но нејзиното семејство верува дека таа е всушност „второто доаѓање на хинду божица“.

Долагарх Деви е добро познато божество чиј храм се наоѓа блиску до местото каде што се родило бебето. Статуите ја прикажуваат божицата на Долагарх како млада девојка со неколку раце.

Мајката на бебето, Сарџу Деви (25) очигледно е воодушевена, а нејзиниот брат за локалните медиуми изјави: „Мојата сестра роди бебе кое има 26 прсти, а ние сметаме дека тоа е инкарнација на Долагар Деви. Ние сме многу среќни.”

Таткото на бебето, Гопал Бхатачарја, кој работи како Полицаец, исто така е воодушевен.

 

Не е познато дали родителите на бебето ќе изберат таа да биде подложена на операција за да има по 10 прсти, но нема ништо медицински погрешно со неа.

„Нема никаква штета да имаш 26 прсти, но тоа е генетска аномалија. Девојчето е инаку апсолутно здраво“, изјави д-р Б.С. Сони, лекар во болницата.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *