Бебето со најлудата фризура! Девојче кое има редок синдром на „нескротлива коса“ го сподеруваат со Алберт Ајнштајн

Детенце со коса која не може да биде скротена е дијагностицирано како едно од само 100-те луѓе во светот со „синдром на нескротлива коса“.

Лејла Дејвис, 17 месеци, од Грејт Блекенхем во Сафолк, има русокоси прамени кои им пркосат на сите обиди да бидат директно исчешлани. Нејзината мајка Шарлот Дејвис (28) вели дека на нејзината ќерка официјално и бил дијагностициран синдромот откако таа и нејзиниот сопруг Кевин (35) се избориле за дијагноза. Станува збор за состојба која се карактеризира со сува, бушава коса која не може да се чешла.

Состојбата се развива во детството, често помеѓу фаза на новороденле и три години, но може да се појави дури до дванаесетата година. Децата кои го развиваат синдромот имаат тенденција да имаат светло обоена коса – а во светот има само околу 100 случаи.

Шарлот рече дека ги добила прекарите на Лејла како Борис Џонсон и Алберт Ајнштајн. Таа рече: „Беше мека кога имаше околу една година, а потоа почна да расте се повеќе и повеќе нанадвор. Мислам дека негирав и постојано велев дека ќе се исправи. Навистина сум горда што добивме дијагноза затоа што е многу ретка и има околу 100 луѓе со истата потврдена дијагноза.“

„Мислам дека таа сѐ уште не сфаќа колку е неверојатна. Само сакам таа да порасне и да знае дека е прекрасна иако на другите им изгледа поинаку“, додава мајката.

Состојбата е позната и како „стаклена волна“ и обично се подобрува со текот на времето – најчесто во адолесценцијата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *