Бегство како од филм: Затвореник од Идризово го одзел пиштолот на полицаец, го застрелал и „се фрлил“ во бегство

Вчера вечерта во 23:20 часот се случила сцена како од филм, кога затвореник од Идризово Б.М застрелал полицаец И.Х и избегал.’

36-годишниот затвореник од Тетово кој бил осуден на 20 годишна казна поради убиство, се жалел на повреда во десната рака, па затоа требало да биде транспортиран до Ургентниот Центар „Мајка Тереза“. Но на пат кон болница, конкретно на автопатот после патарината во Петровец кај бензиската Лукоил, комбето „форд транзит“ кое го превезувало затвореникот било пресечено од друго возило „ауди“, кое му го попречил патот за да не може да продолжи.

Комбето морало да застане, а затореникот од за сега непознати причини седел напред до возачот, наместо да седи позади. Па во истиот момент посегнал по пиштолот на полицецот кој возел и ранил во долниот дел на стомакот. Во тој момент сѐ качил во „аудито“ и побегнал, а се уште е во бегство.

Управата за извршување санкции ќе направи вонреден надзор во затворот Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • aneta напиша:

    Begstvo od film? ahahha abe covekot slobodno go pustile…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *