Беља работа: Газда на дом кој го изнајмувал на „Airbnb“ е однесен на суд поради тоа што гостинката не сакала да си замине од куќата 540 дена, а подоцна се дознало дека таа е во право

Газда на „Airbnb“ од Калифорнија се соочил со несекојдневна ситуација. Гостинката ја „киднапирала“ куќата од 3,8 милиони долари и одбивала да замине по повеќе од 540 дена во домот, а за тоа барала 100.000 долари.

 

 

 

Саше Јовановиќ во септември 2021 година на Елизабет Хиршхорн ѝ го изнајми гостинскиот дом во неговата палата Брентвуд, а таа потоа одбивала да се пресели од замокот.

Јовановиќ, кој е познат стоматолог, го изнајмувал својот замок на „Airbnb“ без да биде регистриран и да има сертификат за живеење. Имал цела бања изградена без дозвола. Како такво, незаконско изнајмување, не требало да и наплаќа кирија на гостинката воопшто.

Новиот закон во Калифорнија ги спречува сопствениците да ги иселат станарите без правна причина, а со оглед на тоа што објектот е нерегистриран за изнајмување, правната состојба останува матна.
Јовановиќ изјави за „Лос Анџелес Тајмс“: „Никогаш не можам да влезам во мојот дом и да знам дека сум безбеден кога таму живее потенцијално непријателско лице, постојано размислувам за тоа“.

 

 

 

Јовановиќ, „глобален стоматолошки експерт“, го купил својот дом во Лос Анџелес во 1995 година за 750.000 долари и оттогаш живеел таму. Во 2009 година тој ја обновил главната куќа со додавање на куќи за гости. Куќата била комплетирана со кујна, бања, спална соба и лизгачки врати од подот до таванот кои „се отвораат кон природата со панорамски поглед на океанот, кањонот и градските светла“, се вели во судските документи.

Откако го користел гостинскиот дом како игротека за неговите две деца, тој решил по неколку години да ја објави на „Airbnb“ за краткорочни гости во 2019 година. Куќата за гости била опишана како „Модерно студио со неверојатни погледи на океанот/градот од 360°“ и имала цена од 215 долари за ноќевање.

 

 

 

Според судските документи, Јовановиќ одобрил шестмесечен престој за Хиршхорн од 13 септември 2021 година до 19 март 2022 година – вкупно 187 ноќевања – за 105 долари за ноќ и вкупно 19.833 долари. Таа го продолжила престојот за 24 дополнителни дена со крај на 12 април.

Работите станале непријателски кога Јовановиќ отишол да ги поправи електронските ролетни во гостинскиот дом, откако добил жалба од Хиршхорн. Кога бил внатре во имотот, забележал дека има оштетувања од мувла и вода околу мијалникот, за кои тврдел дека ги немало пред нејзиниот престој.
Јовановиќ тврди дека понудил да плати хотел за да престојува Хиршхорн додека тој ги поправа штетите, но таа одбила и рекла: „Не се чувствувам безбедно ако го напуштам ова место“. Таа, исто така, ги навела тогашните прописи за КОВИД-19 на округот ЛА, како и медицинска белешка што докажува дека има чувствителност на хемикалии.

По нејзиното одбивање, Јовановиќ и понудил престој во својот дом – што и таа го одбила поради нејзината чувствителност кон мачките. Сега, Хиршхорн го тужи својот домаќин, дека тој „несоодветно ја поканил“ да се пресели во неговата куќа со него, според „ЛА тајмс“.

 

 

 

Кога станало јасно дека Хиршхорн не заминува, стоматологот и испратил е-пошта во која пишувало: „Немаш резервација по 12 април и ќе те сметам за прекршител на мојот имот. По овој датум, ќе ги искористам моите законски права за да ве отстранам од мојот имот“.

Хиршхорн никогаш не се иселила. Јовановиќ и неговиот адвокат Себастијан Ручи поднесоа четири жалби против Хиршхорн.

Бидејќи замокот во Брентвуд не е одобрен за престој, Хиршхорн тврди дека не треба да плаќа кирија и дека всушност ѝ се должи целата кирија што ја платила за време на првиот период од нејзиниот престој.

Волшок во тужбата против Јовановиќ вели: „Бидејќи единицата немала потврда за живеење, максималната дозволена кирија за единицата била 0,00 долари“.

Судијата пресуди дека Јовановиќ нема правна причина да ја исфрли според уредбата за стабилизација на киријата на градот.

Пред оваа ситуација, Јовановиќ бил еден од најбараните домаќини на „Airbnb“ во регионот, за тие што можеле да си ја дозволат сумата.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *