Белорусин изгради целосно функционален чамец од мраз, а видеото е и повеќе од фасцинантно

Елса од  „Frozen“ може вода да му носи на овој Белорусин кој изгради целосно функционален чамец – комплет со волан и механизми за веслање – целосно од мраз.

Тој го покажа својот подвиг на бродоградба во серија објави на Инстаграм кои моментално станаа вирални.

 

Воодушевувачката снимка го прикажува Иван Карпицки, како управува со снежниот чамец околу акумулацијата Цњанское надвор од Минск, Русија, каде што е изграден.

За да се изработи, од Карпицки било потребно макотрпно да издлаби и залепи големи коцки мраз заедно, а потоа да ги обликува со помош на разни електрични алати, како што се гледа на виралното видео.

 

camec od mraz

Тој потоа прецизно го извајал трупот на чамецот и другите компоненти користејќи челични цевки како скелет. Автоматизираните лопатки, од друга страна, се контролираат преку извор на енергија на брегот , давајќи му на чамецот илузија на погон.

 

camec2

Морската ледена скулптура му донесе на Карпицки голем број пофалби на интернет.

„Или си луд или генијален“, рече еден фан додека друг бликна, „Не престануваш да восхитуваш“.

„Мислев дека бродот ќе биде закотвен до пролет и ќе се збогуваме со него, но навистина отплови!“

 

Карпицки е познат по тоа што гради различни неверојатни ремек-дела од мраз и снег, почнувајќи од чамци до замоци. Сепак, ова е неговиот прв опус кој целосно се состои од мраз.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *