Беровец и плавуша на пуст остров (виц)

По падот на авион, само стјуардесата преживеала и успеала да слета со падобран на пуст остров, само со полесни повреди. Тргнала да го истражи брегот на островот и забележала чад. Се приближила и видела полугол маж како пече месо на оган.
– Здраво! Претрпев авионска несреќа и јас сум единствената што преживеа. Од каде си?
– Здраво! Јас сум од Берово, Македонија! Претрпев бродолом и сум тука на овој остров 15 години. Сакаш ли месо?
– Да, одговорила стјуардесата и додека го пробувала месото му рекла.
– Ми даде да пробам од храната, а сакаш ли јас да ти дадам нешто што не си го пробал 15 години?
Полуголиот беровец скокнал од среќа, ја прегрнал стјуардесата и со солзи радосници во очите рекол:
– Стварно ли носиш ракија?!