„Беше себичен, суров и тежок како црна земја, а стриптиз-клубовите ги сакаше повеќе од сè“: Мрачната страна на Стивен Хокинг што семејството со години ја криело од срам

Името на Стивен Хокинг засекогаш остана запишано во историјата на науката. Неговиот ум ги поместуваше границите на човечкото знаење, а неговото тело, заробено во болеста, стана симбол на невероjатна упорност и сила.
Но зад сликата на гениjот што го инспирираше светот стоела и многу посложена приватна приказна: семеjни рани, тешки односи, авторитарност, слабост кон жени и живот што неговите најблиски со години го носеле како товар.

„Беше себичен, суров и тежок како црна земја, а стриптиз-клубовите ги сакаше повеќе од сè“: Мрачната страна на Стивен Хокинг што семејството со години ја криело од срам

Божиќното утро во 1989 година завршило со заминување каj Елеjн Меjсон

На божиќното утро во 1989 година, Стивен Хокинг се собрал со сопругата и децата за традиционална размена на подароци. Набргу потоа, светски познатиот научник го напуштил семеjниот собир за да помине време со друга жена — Елеjн Меjсон, својата негувателка и подоцнежна втора сопруга.
Неговата ќерка Луси никогаш не го заборавила тоj ден: „Ни ги даде подароците наутро, а потоа направи цела сцена околу тоа што си заминува со Елејн, што тогаш го сметав, а и денес го сметам за непотребно сурово.“
Овој настан е само едно од многуте откритија во новата биографија „Хокинг: Неговиот живот и дело“ од Грејем Фармело. Преку семејни сведоштва, дневници и приказни на соработници, авторот прикажува човек со исклучителна волја, но и со изразен егоизам, авторитарно однесување, тешки семејни односи и слабост кон жени.

Божиќното утро во 1989 година завршило со заминување каj Елеjн Меjсон

Френк Хокинг по семеен одмор запишал „Животот беше поедноставен без него“

Тешките страни на карактерот на Хокинг семејството ги забележувало долго пред тој да стане славен. Неговиот татко Френк Хокинг запишал во својот дневник дека синот имал навика да ја малтретира помладата сестра Мери и да се однесува себично, додавајќи по еден семеен одмор: „Животот беше поедноставен без него.“
Во 1963 година, на само 21 година, му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС). Лекарите му прогнозирале уште само неколку години живот, но тој ги побил сите прогнози и живеел повеќе од половина век.
Постепеното губење на подвижноста и говорот не ја ограничило ниту неговата научна работа, ниту желбата да ужива во приватниот живот.

Френк Хокинг по семеен одмор запишал „Животот беше поедноставен без него“

Во „Stringfellows“ му понудиле вселена или танчарки, а тој одговорил „Девојките“

Еден од помалку познатите аспекти на неговата личност била наклонетоста кон ноќниот провод и стриптиз-клубовите, меѓу кои и познатиот „Stringfellows“ во Лондон.
Сопственикот Питер Стрингфелоу раскажал дека еднаш му дал избор меѓу разговор за вселената и гледање танчарки, на што Хокинг кратко одговорил: „Девојките.“
На прославата на својот 60-ти роденден во 2002 година му пеела жена облечена како Мерилин Монро, а настапиле и кан-кан танчарки. Во 2012 година, Универзитетот Кембриџ потврдил и дека со пријатели посетил свингери-клуб во Калифорнија.
Посебно поглавје во биографијата е посветено на престојот на Хокинг на приватниот остров на Џефри Епстајн на Девствените Острови во март 2006 година, каде што учествувал на конференција по физика суфинансирана од фондацијата на Епстајн и дури имал возење со подморница.
Иако неколку недели подоцна изби скандалот со Епстајн, а во 2024 и 2026 година се појавија преписки и фотографии што предизвикаа бура во јавноста, објавените документи никогаш не содржеле докази што го поврзуваат Хокинг со злоупотреба на малолетнички, а неговото семејство објасни дека жените на фотографијата биле негови негувателки.

Во „Stringfellows“ му понудиле вселена или танчарки, а тој одговорил „Девојките“

Џејн Вајлд го споредила со кралот Лир, а Елејн подоцна се нарекла „затвореничка на Стивен“

Првата сопруга Џејн Вајлд, со која се оженил во 1965 година и имал три деца, го опишала заедничкиот живот како исклучително тежок, споредувајќи го со Шекспировиот крал Лир — човек со „огромно и кавгаџиско его“ кој станал авторитарен.
Кон крајот на 1970-тите Џејн се зближила со Џонатан Хелиер Џоунс, кој помагал во грижата за научникот, а подоцна Хокинг започнал врска со својата негувателка Елејн Мејсон, поставувајќи ѝ на сопругата ултиматум: „Ако си замине Елејн, ќе си замине и Џонатан.“
Во септември 1995 година Хокинг се оженил со Елејн Мејсон, но бракот набргу завршил во центарот на сериозни обвинувања и две полициски истраги по низа повреди, гребаници и скршеници кај научникот.
Хокинг категорично ги негирал обвинувањата, бранејќи ја сопругата, а полицијата во 2004 година не пронашла докази за кривично дело, додека лекарите констатирале дека коските му биле особено кршливи.
Се развеле во 2007 година, а Елејн подоцна напишала дека се чувствувала како „затвореничка на Стивен“.

Џејн Вајлд го споредила со кралот Лир, а Елејн подоцна се нарекла „затвореничка на Стивен“

Го барал исфрлањето на Ендру Фарли, а во 2004 година јавно признал дека згрешил

Слични тензии имало и со остатокот од семејството. Неговата мајка Изабел во 2003 година напишала дека „она што кај другите би било само лошо однесување, кај него се простува како однесување на голем човек“, сестрата Мери се жалела дека контактирал само кога му требале, а полубратот Едвард го опишал како „многу ладен“.
Тешкиот карактер се одразувал и во науката. Во деведесеттите години, кога докторандот од Кембриџ Ендру Фарли ја оспорил неговата теорија за парадоксот на информациите кај црните дупки, Хокинг повеќе пати барал студентот да биде избркан од докторската програма — за на крајот во 2004 година самиот јавно да признае дека згрешил.
Истата таа тврдоглавост, сепак, му помогнала да ја надживее болеста цели пет децении и да стигне дури и до Кинескиот ѕид.
Стивен Хокинг почина во март 2018 година на 76-годишна возраст, а неговиот пријател и нобеловец Кип Торн можеби најдобро го опишал: „Иако Стивен може да изгледа беспомошно, тој е еден од најмалку беспомошните луѓе што ги познавам.“

Го барал исфрлањето на Ендру Фарли, а во 2004 година јавно признал дека згрешил

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *