„Бев мртва осум минути… моето искуство докажува дека душата никогаш не умира“

Таа била мртва осум минути – без пулс, без здив, без мозочна активност – и потоа се вратила во живот со потресна, жива приказна за смртта.
Бриана Лаферти, 33-годишна жена од Колорадо, боледува од опасно невролошко нарушување кога, како што самата вели, нејзиното тело едноставно „се откажа“. Беше прогласена за клинички мртва, но според неа, нејзината свест не умрела заедно со телото.
„Смртта е илузија затоа што нашата душа никогаш не умира. Нашата свест останува жива. И нашата суштина едноставно се трансформира,“ вели Лаферти.
„Не го гледав или помнев моето човечко јас. Бев потполно мирна, но се чувствував целосно жива, свесна и повеќе себе од кога било.“

 

„Бев мртва осум минути… моето искуство докажува дека душата никогаш не умира“

Духовно искуство во моментите на клиничка смрт

Лаферти боледува од миоклонус дистонија, ретко невролошко нарушување што предизвикува неволни мускулни грчеви и може да ги наруши телесните функции. За време на една од нејзините кризи, таа престанала да дише и ѝ застанало срцето.
Пред целосно да изгуби физичка свест, слушнала глас што ја прашал дали е подготвена, а потоа сè станало темно. Она што следело, според неа, ги надминува сите научни објаснувања. Таа опиша како нејзината душа „лебдела“ над нејзиното безживотно тело и влегла во простор каде што времето не постоело.
„Бев одвоена од моето физичко тело,“ рече Лаферти.
„Немаше болка, само длабоко чувство на мир и јаснотија. Тоа одвојување ме натера да сфатам колку е нашето човечко искуство привремено и кревко.“
Исто така тврди дека нејзините мисли почнале да го обликуваат просторот околу неа:

„Моите мисли веднаш се материјализираа,“ рече таа. „Сфатив дека таму мислите ја креираат реалноста – и тоа е благослов.“
По враќањето во живот, Лаферти морала повторно да учи да оди и зборува. Била подложена на експериментална операција на мозокот за да се третира оштетувањето на хипофизата.
Иако се плаши од повторно доживување на клиничка смрт, таа повеќе не се плаши од смртта.
„Тоа го промени текот на мојот живот,“ вели таа. „Она што ме плашеше, повеќе нема моќ над мене, а она по кое трчав, веќе не ми е важно.“

 

Духовно искуство во моментите на клиничка смрт

Научна потврда: Свеста можеби преживува и по смртта

Иако нејзиното сведоштво е длабоко лично, тоа се поклопува со наоди од неодамнешна студија која сугерира дека свеста може да постои и откако ќе запре срцето.
Истражувачи од 25 болници во САД, Велика Британија и Бугарија следеле 567 пациенти кои доживеале срцев застој во болнички услови. Студијата, објавена во списанието „Resuscitation“, користела ЕЕГ монитори за мерење на мозочната активност за време на реанимација.
Речиси 40% од пациентите покажале знаци на мозочна активност поврзана со свеста, некои дури и 60 минути откако нивното срце престанало да чука.
Д-р Сем Парниа, водечкиот автор на студијата и директор на Одделот за интензивна нега и истражување за реанимација на Универзитетот Њујорк (NYU) Лангон, вели дека резултатите можат да понудат увид во тоа што се случува при умирање.
„Овие искуства ни даваат увид во една вистинска, но сѐ уште недоволно разбрана димензија на човечката свест што се открива при смртта,“ изјави Парниа.
Во еден случај, жена верувала дека се наоѓа во пекол, додека медицинска сестра ѝ вметнувала игла – трауматично, полусвесно искуство, возможно интерпретирано преку маглата на близина до смртта.
Лаферти опиша слично надреално искуство каде што сретнала „суштества“ кои не изгледале како луѓе, но ѝ биле некако познати. Исто така, почувствувала присуство на „виша интелигенција“ што бдеела над неа со „безусловна љубов.“
„Постоеше присуство, или интелигенција, повисока од нас самите што нѐ води и нѐ чува со безусловна љубов,“ рече таа.
Искуството ѝ оставило чувство на јасност и убеденост дека болката во животот има смисла.
„Се чувствувам оснажена и ѝ верувам на секоја животна случка, особено на тешките,“ рече Лаферти. „Сè се случува со причина.“

 

Научна потврда: Свеста можеби преживува и по смртта

  • sepak umira напиша:

    Vo ovoj materijalen svet, tel pro na chovekot se transformira vo zemja (proces koj lugjeto go narekuvaat umiranje). Dushata, karakterot, kako sakate kazhete, sepak podocna se unishtuva. Od tuka natamu, zavisi shto chovekot sledi, koja religija, zoshto site imaat razlichni veruvanja. I nemozhat site da se vo pravo. Nekoj manipulira so vistinata.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *