„Бев на 50.000 први состаноци со мојот дечко и заборавив дека постои моето дете – вистинската приказна за мојот живот, по една ФАТАЛНА дремка“

Неш Пилај, 34-годишна жена, доживеала трауматска повреда на мозокот што резултирала со амнезија, заборавајќи дека има ќерка и кој е нејзиниот партнер. Нејзината приказна е тема на документарната серија „50.000 Први Состаноци: Вистинска Приказна”, која ќе се прикажува на „Amazon Prime Video“ од 11 февруари.

 

 

 

Во 2022 година, Пилај се разбудила од дремка „збунета” и доживеала губење на меморијата, не препознавајќи го својот партнер, 32-годишниот Јоханес Јакопе, ниту се сеќавала на својата мала ќерка. Таа повеќепати го помешала Јакопе со возач на такси, и целосно заборавила на своето дете, на кое постојано му се обраќала со „детето”. Пилај имала повреди на главата во минатото и верува дека понова траума на главата веројатно ја предизвикала амнезијата, иако не се сеќава на тоа. Посета на невролог потврдила дека имала потрес на мозокот и можеби доживеала повеќе напади што резултирале со губење на меморијата.

 

 

„Задржувам само околу 20% од новите сеќавања – ако ме прашате што сум правела пред два дена, веројатно само ќе ве гледам и ќе се надевам да ми текне“ рекла таа.

 

 

Сепак, таа постепено заздравува – со Јакопе покрај неа цело време. Тие се свршиле и добиле син во март 2024 година. Пилај, која страда од несакани ефекти како главоболки и тремор, сè уште бара третмани „за да го олесни животот”.

 

 

Документарната серија ја следи Пилај на средба со невронаучник на Универзитетот во Торонто кој открива повеќе за нејзината состојба.

„Се надевам дека документарецот покажува дека вистинскиот живот не е филм – тој е хаотичен, несигурен и несовршен, и тоа е во ред”, објаснила таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *