Безбедносна снимка фаќа момент кога тригодишно момче го спасува својот пријател од давење

Во 2020 година, во дом во Итаперуна, град на север од Рио де Жанеиро, тригодишниот Енрике, син на работник на имотот, незабележано се оддалечил од своите родители и се доближил до базенот. Безбедносната камера го снимала моментот кога тој, заедно со својот врсник Артур де Оливеира, седел покрај водата. Додека се обидувал да дофати гума за пливање, Енрике изгубил рамнотежа и паднал во базенот.

Исплашениот Артур се огледувал барајќи помош, но никој не бил во близина. Десет секунди Енрике се борел да ја задржи главата над водата, сè додека Артур не ја испружил раката и храбро го извлекол. Ако немал доволно сила, можел и самиот да падне во водата, што ќе доведело до трагедија за двајцата.

За среќа, Артур успеал да го извлече својот пријател на сигурно. „Ова видео е предупредување за сите што имаат базен дома и мали деца“, напиша неговата мајка, Полиана Консоло де Оливеира, на Фејсбук.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *