Би се возеле ли во најголемиот патнички лифт во светот? Се наоѓа во Индија и собира дури 235 луѓе истовремено

Најголемиот патнички лифт во светот е направен во Светскиот центар „Jio“ во Мумбаи, Индија.
Џиновскиот лифт, создаден од финската компанија „KONE“, има површина од 25,78 квадратни метри, што е приближно иста површина како едно мало студио. Тежи 16 тони и може да прими до 235 луѓе истовремено.

 

 

 

Лифтот е изграден на комплексен систем со греда на макара кој се состои од 18 големи макари, 9 челични кабли и водилки монтирани на челични столбови. Овој иновативен систем обезбедува непречено и безбедно движење на лифтот.

Уникатните карактеристики на лифтот вклучуваат стаклена врата со четири панели, стаклени ѕидови со панорамски поглед и таван украсен со кристали. И покрај огромниот капацитет, лифтот се движи со брзина од 1 метар во секунда меѓу петте ката.

За погодност на патниците, лифтот има две пријатни софи.

 

 

„Задоволство ни е да објавиме дека најголемиот патнички лифт во светот е создаден од „KONE“, а се наоѓа во Индија! изјави Амит Госаин, генералниот директор на „KONE Elevators“. „Се гордееме што обезбедуваме сопствени решенија за уникатни проекти.

Цената на овој специјално дизајниран лифт не е објавена, но имајќи предвид дека клиентот е најголемата индиска компанија од приватниот сектор „Reliance Industries“, несомнено чини многу пари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *