Бил Гејтс жали што го напуштил Харвард: „Ја поминав првата година во „Мајкрософт“ обидувајќи се да натерам пријател да „преземе одговорност“, за да можам да се вратам на факултет“
Бил Гејтс долго одолговлекувал пред да ја избере „Мајкрософт“ наместо факултетот. Како студент на Харвард, тој уживал во академската средина и не сакал да се откаже од студиите. Но, кога во 1974 година неговиот пријател Пол Ален му ја покажал насловната страница на списанието „Popular Electronics“ со првиот миникомпјутерски кит, сфатил дека е вистинскиот момент за да го основаат „Microsoft“.
Гејтс и Ален верувале дека софтверот ќе биде клучен за иднината на персоналните компјутери. Стравувајќи дека некој друг би можел да го преземе водството, одлучиле да ја основаат компанијата во 1975 година. Иако Гејтс се обидел да ја води „Microsoft“ додека сè уште студирал, на крајот морал да донесе одлука и да го напушти Харвард.
Гледано наназад, Гејтс смета дека времето било пресудно – ако чекал да дипломира, можеби ќе ја пропуштел шансата. Сепак, тој не им препорачува на младите да се откажат од факултетот, нагласувајќи ја важноста на стекнувањето широко знаење.
Лесно му е сега од денешна перспектива како еден од најбогатите луѓе во светот, да раскажува како почнал во гаража, бла, бла, бла… Имал среќа, го поговил бизнисот, како и др богаташи: Безос со Амазон и Маск со е-коли!
Не се вика имал среќа. Имал Муда се вика.
Коментирај анонимно