Битка за термин кај стоматолог во Велика Британија: Ординација доби 27.000 телефонски повици и редица од 100 луѓе во текот на денот, откако објави дека има достапни 60 слободни термини

Стоматолошка ординација прими 27.000 телефонски повици, откако објави дека ќе прими нови пациенти преку фонд- додека повеќе од 100 луѓе очајни за термин поминаа часови во редици чекајќи пред ординацијата.

 

 

„Фејвершам Смајлс“ објави дека од вторник ќе прими 60 нови пациенти преку англискиот фонд за здравство, по принципот „прв дојден прв услужен“.

Стоматологот рече дека ќе ги превземе првите 20 луѓе кои чекаат на ред пред нејзината зграда  во градот Фавершам, Кент, првите 20 пациенти што ќе испратат е-пошта откако ќе се отвори во 8 часот наутро и првите 20 што ќе се јават на телефон.
Но, до 8 часот наутро, повеќе од 100 луѓе очајни да пристапат до субвенционираната услуга останаа во редица надвор.
Стоматолошката ординација, исто така, примила повеќе од 700 мејлови, а нејзиниот телефонски систем регистрирал над 27.000 повици.

Ели Кејн, една од луѓето што чекале во редицата, сподели фотографија од редицата која се протега по улицата, на „Фејсбук”, кратко по 16 часот во вторникот.

 

„Целиот тим работеше навистина напорно за да се увериме дека можеме да обезбедиме колку што можеме повеќе стоматолошки третмани, а денешниот ден навистина не воодушеви! Од 8 часот наутро, кога започнавме со приемот, имавме над 100 луѓе кои чекаа, над 700 е-пошти, а нашиот телефонски систем има регистрирано над 27.000 повици (досега)!
Тимот цел ден комуницира со потенцијалните и постоечките пациенти. Од првите 60 барања (20 во редица, 20 телефонски и 20 по е-пошта), успеавме да обезбедиме термини за над 120 пациенти”, велат од ординацијата.

„Мораме да работиме во рамките на нашите капацитети бидејќи нема смисла да резервираме стотици пациенти, но потоа да не можеме да го обезбедиме нивниот потребен третман во разумна временска рамка“.
Сега имаме актуелна листа на чекање, така што секој што не можел да обезбеди термин преку фонд може да го остави својот контакт број кај нас и ние ќе ги контактираме кога ќе биде бидеме во можност”.

 

„За секој што сака да се приклучи на Списокот на чекање или да се обрати до Ординацијата, запомнете дека разбираме колку е фрустрирачка оваа ситуација. Ние би сакале да можеме веднаш да го прифатиме секој пациент, но тоа едноставно не е изводливо”.
Илјадници луѓе останаа без стоматолошка заштита поради националниот недостиг на стоматолози кои работат под фондот во Велика Британија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *