Битолчанецот што го испрскал скопски возач на улица (виц)
Скопјанец и Битолчанец си шетаат во ценатарот на Скопје. Времето е катастрофа – врне дожд, улиците се полни со калливи вирови. Одеднаш поминува кола и добро ги испрскува со кал. Битолчанецот почнува да си ги чисти калливите алишта и нервозно мрмори:
– Абе вие Скопјаните сте стварно невоспитани луѓе, право да ти кажам! Возите како луди, прскате луѓе, и ни да застанеш, ни „извини“!
– А бе, што се нервираш толку брат? Во Битола да не е подобро? – го прашува Скопјанецот навредено.
– Се разбира дека е! Ние сме многу стар и културен град, градот на конзулите. Ако случајно некој те испрска, веднаш застанува, те качува во колата, те носи до првото хемиско чистење, таму ги оставаш алиштата на неколку дена, а тој те носи дома кај него и се грижи за тебе додека да ти бидат готови алиштата.
– Абе не ми кажувај глупости! Ве знам јас вас Битолчани какви сте. Тебе, конкретно, ти се случило ли некогаш вакво нешто?
– Па добро, баш мене не ми се има случено, ама на жена ми – трипати досега…
Ама жената на Битолчанецот, Скопјанка била.Скопска курва, шо да прајме.Еден Битолчанец малку и бил, па уште тројца пробала.
Битола 4 Скопје 0 поздрав од Чкембари!
Какво искомплексирано сељачиште си ти ццц
Коментирај анонимно