Битолчанецот што го испрскал скопски возач на улица (виц)

Скопјанец и Битолчанец си шетаат во ценатарот на Скопје. Времето е катастрофа – врне дожд, улиците се полни со калливи вирови. Одеднаш поминува кола и добро ги испрскува со кал. Битолчанецот почнува да си ги чисти калливите алишта и нервозно мрмори:
– Абе вие Скопјаните сте стварно невоспитани луѓе, право да ти кажам! Возите како луди, прскате луѓе, и ни да застанеш, ни „извини“!
– А бе, што се нервираш толку брат? Во Битола да не е подобро? – го прашува Скопјанецот навредено.
– Се разбира дека е! Ние сме многу стар и културен град, градот на конзулите. Ако случајно некој те испрска, веднаш застанува, те качува во колата, те носи до првото хемиско чистење, таму ги оставаш алиштата на неколку дена, а тој те носи дома кај него и се грижи за тебе додека да ти бидат готови алиштата.
– Абе не ми кажувај глупости! Ве знам јас вас Битолчани какви сте. Тебе, конкретно, ти се случило ли некогаш вакво нешто?
– Па добро, баш мене не ми се има случено, ама на жена ми – трипати досега…

  • Зоки Поки напиша:

    Ама жената на Битолчанецот, Скопјанка била.Скопска курва, шо да прајме.Еден Битолчанец малку и бил, па уште тројца пробала.
    Битола 4 Скопје 0 поздрав од Чкембари!

  • Црна Мамба напиша:

    Какво искомплексирано сељачиште си ти ццц

    • Никола33 напиша:

      Yes, my friend! Јас сум неутрален, од сасвим друг град од земјава, али ми се свиѓаат гореискомплексираниве психопрофилчиња! И во хуморО ништо не му чини!

      • Зоки Поки напиша:

        А тебе друже шО те погоди мојот коментар.Можи женати Скопјанка е па се навреди.

  • Зоки Поки напиша:

    Ти бе друже сигурно си селанче од Драчево па лечиш комплекси као си голем Скопјанец.
    Затоа уште еден градски поздрав од Битола до сите градски Скопјани кај што не спаѓаш ти.
    П.С. Жената на Битолчанецот изгледа од твоето село била.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *