Бизарна оптичка илузија целосно ќе ги збуни вашите очи и ум да видите нешто што не е таму

Кого и да прашате за боите на семафорот, почнувајќи од најмалите деца како од пушка ќе ви одговорат: „црвено, жолто, зелено“. Но, дали токму оваа навика може да си поигра со нашиот ум?

Дин Џексон, кој споделува „сликовити работи за фасцинација, забава и збунетост“ со своите 506.000 следбеници на ТикТок сподели интересна илузија. Ова видео со семафор може да ве убеди дека „очите ве лажат“. Доколку ви е потребно целосно објаснување за илузијата можете да го прочитате подолу, под видеото.

Џексон започна со прикажување на слика со обичен семафор со црвено, жолто и зелено светло. Потоа нанесе цијан, познат како цин филтер над светлата и објасни дека црвеното светло „не може да помине низ цијан филтер“, но горното светло на семафорот сè уште изгледа црвено.

Тој објасни дека оваа боја е всушност само оптичка илузија, велејќи: „Можам да ви гарантирам дека таму воопшто нема црвено светло… Тоа е вашиот мозок што работи прекувремено и ве убедува во црвеното“. За да ги потврди своите тврдења, Џексон ги блокираше останатите семафори со сива прекривка. Кога сивото се појавува покрај „црвеното“ светло, станува јасно дека воопшто не е црвено.

„Сега погледнете, цело време беше сиво, нема црвено“, рече Џексон. Дали ве измами и вас?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *