Бизарно: Дрон навечер преку прозорци влегувал во станови во Кочани и ги снимал додека спијат

Бизарен и загрижувачки случај е пријавен во Кочани. Во текот на ноќта, мал дрон во два наврати влегол во стан во зграда на улицата „Димитар Влахов“ и, според сведоштвата на станарите, ги снимал додека спиеле во нивната спална соба.
Настанот се случил во ноќта меѓу 10 и 11 септември, а во Министерството за внатрешни работи бил пријавен на 11 септември.

Бизарно: Дрон навечер преку прозорци влегувал во станови во Кочани и ги снимал додека спијат

Пропелерите ги разбудиле, а леталото се удрило во прозорското стакло

Според изјавите на вознемирените граѓани, при првиот упад дронот влегол во спалната соба преку отворената врата од терасата.
Звукот од вртењето на пропелерите ги разбудил станарите. Кога леталото се обидело да излезе надвор, се удрило во прозорското стакло.

Пропелерите ги разбудиле, а леталото се удрило во прозорското стакло

По вториот упад полицијата побарала проверка од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Кратко потоа следувал и втор упад во истиот дом. Дронот повторно навлегол во спалната соба околу еден метар, но успеал да побегне откако станарите се обиделе да го соборат.
Од МВР потврдија дека е поднесена официјална пријава. Полицијата веднаш го известила дежурниот јавен обвинител и побарала од Агенцијата за цивилно воздухопловство да провери дали во критичниот период било пријавено користење дрон во тој дел од Кочани.
Основното јавно обвинителство Кочани соопшти дека интензивно се преземаат сите потребни дејствија за откривање на сопственикот и операторот на леталото.
Станарите изразуваат сериозен сомнеж дека станува збор за неовластено снимање и директно нарушување на неповредливоста на домот. Правната квалификација на делото ќе ја одредат надлежните правосудни органи по завршување на истражните проверки.

По вториот упад полицијата побарала проверка од Агенцијата за цивилно воздухопловство

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *