Бизарно или од помош? Парализиран човек прооде за прв пат по 12 години откако му ставиле чип за читање мисли

Герт-Јан Оскам (40) од Холандија доживеал катастрофална несреќа со велосипед додека работел во Кина во 2011 година. Тоа му ја одзело способноста да ги движи нозете. Но, пионерскиот електронски имплант му овозможил да ја врати таа способност.

 

Снимката која покажува Герт-Јан како стои, оди, па дури и се качува по скали откако е опремен со уредот за читање мисли предизвика многу реакции.

 

Грегоар Кортин, невролог, кој работеше на студијата, ја опиша технологијата како „дигитално повторно раѓање“ на ‘рбетниот мозок. Повредите на ‘рбетниот мозок може да ја прекинат комуникацијата помеѓу мозокот и регионот на’ рбетниот мозок што го контролира одењето, што доведува до парализа.

 

Претходни студии се обидувале да го вратат движењето кај луѓето со овој тип на парализа со електрично стимулирање на областите на ‘рбетниот мозок. Сепак, ова барало носење сензори за движење, а пациентите покажале ограничена подвижност на различни задачи и терени.

Наместо тоа, тимот невролози и научници излезе со нов пристап, користејќи електронски импланти за да развие „безжичен дигитален мост“ помеѓу мозокот и ‘рбетниот мозок. Еден имплант се става во мозокот на пациентот, над регионот одговорен за движењата на нозете. Во меѓувреме, вториот се поставува на пределот на ‘рбетниот мозок кој го контролира движењето на нозете.

 

 

 

Професорката Џоселин Блох, авторка на студијата, рече: „Овие уреди ги декодираат електричните сигнали што ги создава мозокот кога размислуваме за одење. Мозочните сигнали потоа се претвораат во секвенци на електрична стимулација на ‘рбетниот мозок. За возврат, ова ги активира мускулите на нозете за да го постигне саканото движење. Најдобро од сè, системот работи безжично, овозможувајќи му на пациентот да се движи самостојно“.

Откако имплантите биле ставени во мозокот и ‘рбетниот мозок на Герт-Јан, на системот му биле потребни само неколку минути за да се подеси и тој веќе една година го користи без проблем.

„Ова едноставно задоволство претставува значајна промена во мојот живот“, рече тој.

Исто така истражувачите тврдат дека дури и кога дигиталниот мост е исклучен, тие забележале „извонредни подобрувања“ во моторните вештини на Герт-Јан.

„Оваа дигитална поправка на ‘рбетниот мозок сугерира дека се развиле нови нервни врски“, велат тие.

Досега, дигиталниот мост беше тестиран само кај едно лице, но тимот сега се надева дека ќе го прошири и на други луѓе.