Бизнисмен и плавуша се обложиле кој е попаметен (виц)

Разговараат еден бизнисмен и една плавуша. Бизнисменот ѝ предлага:

– Ајде да играме една игра. Јас ќе ти поставам прашање и ако не го знаеш одговорот, ќе ми дадеш 5 евра. Потоа ти ќе ме прашаш мене, а ако јас не го знам одговорот, ќе ти дадам 200 евра.

– Важи! – се согласува плавушата.

– Кој е првиот словенски буквар?

Плавушата мисли, мисли, ама никако да се сети.

– Еве ти 5 евра.

Му ги дава парите, а бизнисменот задоволно продолжува:

– Ајде, сега ти си на ред!

Плавушата го прашува:

– Што е тоа што кога оди нагоре има три нозе, а кога оди надолу има четири?

Бизнисменот се замислува. Го вади мобилниот, се поврзува на интернет, пребарува низ сите можни бази на податоци, пушта разни програми за анализа… Ама никако да го најде одговорот.

На крајот се откажува.

– Не знам! – признава и ѝ дава 200 евра.

Плавушата ги зема парите и тргнува да си оди, но бизнисменот ја запира:

– Чекај малку! Па добро, кажи ми што е тоа?

Плавушата мирно вади 5 евра, му ги подава и вели:

– Појма немам!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *