Бизнисменот Доналд Трамп Џуниор реши на невкусен начин да профитира од неодамнешната трагедија поврзана со Алек Болдвин

Во четвртокот, на 21 октомври, 63-годишниот актер, Алек Болдвин, го испука својот „пиштол реквизит“ на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик, убивајќи ја кинематографката Халина Хачинс (42) и повредувајќи го режисерот Џоел Соуза (48), кој во моментот на инцидентот стоел зад неа.

Додека постојано се појавуваат детали за моментите кои довеле до пукање, Болдвин стана мета на Трамп Џуниор и други активисти за правото на поседување оружје.

 

На пример, само еден ден по смртта на Хачинс, синот на поранешниот претседател објави фотографија од Болдвин на Инстаграм со натпис: „Моментот кога некој што е против поседување на оружје убива повеќе луѓе од некој со голема колекција на огнено оружје“.

На својата веб-страница, Трамп Џуниор, исто така, почна да продава маица на која пишува: „Пиштолите не убиваат луѓе, Алек Болдвин убива луѓе“.

Повеќе околу несреќните настани кои довеле до трагедијата прочитајте тука.