Бјанка Ценсори се одлучи дека за излегување доволно е да облечеш само едно боди од кое ти се прелеваат градите
Бјанка Ценсори повторно стана главна тема на разговор при нејзиното вечерно излегување со Канје Вест, привлекувајќи ги сите погледи во Лос Анџелес. Двојката уживаше во познатото Chateau Marmont, каде Ценсори носеше боди, комбиниран со металик сребрени хулахопки, ризикувајќи модна незгода поради длабокото деколте и тесниот крој. За разлика од неа Вест беше целосно покриен со црна дуксерка и џемпер.

Содржина:
Критики за облеката на Ценсори на судењето на Канје
Не е првпат Бјанка Ценсори да ја шокира јавноста со нејзините избори на облека. Во февруари, судијата Брок Т. Хамонд испрати предупредување до Канје и Ценсори да се придржуваат до „основниот кодекс на облекување“ на судењето во Лос Анџелес, велејќи: „Сите мора да се усогласат со основниот кодекс на облекување или нема да им биде дозволен влез“. Забранети беа и очила за сонце и капи. Ценсори го испочитува предупредувањето и во март се појави со закопчана црна јакна и долга црна здолниште. Сигурно ѝ паднало многу тешко.


Проблеми на враќањето на Канје Вест: Забрани за настапи и отказ од фестивали поради минати изјави
Враќањето на Канје Вест на сцената наиде на сериозни пречки. Овој месец, британската влада му забрани влез во Англија поради негови претходни антисемитски коментари, што доведе до откажување на Wireless Festival, каде што Канје требаше да настапи како главен изведувач. Набргу потоа, Вест сам го откажа планираниот концерт во Франција, додека властите размислуваа за блокирање на неговиот влез во земјата.

Изјава на Канје: „Ги ставам своите фанови на прво место“ – Јавно појаснување за одложените концерти
„По многу размислување и консултации, единствено јас решив да го одложам мојот настап во Марсеј, Франција до понатамошно известување“, напиша Вест на Х (поранешен Твитер). „Знам дека треба време да се разбере искреноста на мојата желба да се искупам. Преземам целосна одговорност за моите постапки, но не сакам моите фанови да бидат во средина на тоа. Моите фанови ми значат сè. Со нетрпение чекам следни концерти. Се гледаме на врвот на светот.“


Коментирај анонимно