X

Богатите Римјани имале вили во Гевгелија: Гасоводот Македонија-Грција откри шест римски вили

Трасата на интерконективниот гасовод Македонија – Грција не донесе само приказна за нова енергетска врска. При археолошките истражувања на неа беа регистрирани остатоци од шест римски и доцноантички вили.
Наодите се појавиле во јужниот дел од трасата, од границата со Грција до 38-от километар, таму каде што секој метар земја морал да се провери пред да продолжи градбата.

Богатите Римјани имале вили во Гевгелија: Гасоводот Македонија-Грција откри шест римски вили

Струмичкиот тим и Музејот во Гевгелија стигнаа до остатоци од шест луксузни објекти

Истражувањата ги спроведувал стручен тим од НУ Завод и Музеј – Струмица, во соработка со Музејот во Гевгелија.
Археолозите откриле остатоци од шест објекти кои најверојатно претставувале луксузни вили на побогати жители од римскиот период. Пронајден е и богат движен археолошки материјал, кој допрва ќе се конзервира и анализира.

Струмичкиот тим и Музејот во Гевгелија стигнаа до остатоци од шест луксузни објекти

Бистерна, Коњари и Врла Страна откриваат антички имоти, населби и резиденции

Наодите во Гевгелиско покажуваат дека овој регион во антиката имал развиена мрежа на населби, земјоделски имоти и резиденцијални комплекси.
Откриените објекти нема да ја попречат изградбата на гасоводот, бидејќи се надвор од директната траса. Сепак, понатамошните градежни активности ќе продолжат со задолжителен археолошки надзор.
Интерконекторот Македонија – Грција е долг 66,7 километри на македонска територија и треба да обезбеди нова рута за снабдување со природен гас преку грчкиот гасен систем.

Бистерна, Коњари и Врла Страна откриваат антички имоти, населби и резиденции

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *