Ботоксот го промени нејзиното лице до непрепознатливост, па затоа Камерон Дијаз реши целосно да го отфрли и да старее природно

Камерон Дијаз е една од најомилените актерки во Холивуд. И додека повеќето од нас ја знаат по нејзината работа во романтични комедии, тоа не е единственото нешто за што треба да се пофали. Таа, исто така, има напишано 2 здравствени книги досега, „The Body Book“, каде што ја споделува нејзината формула за да стане поздрава, посреќна и посилна, и „The Longevity Book“, кадешто ги споделува своите тајни за добро стареење. Иако Дијаз можеби не е здравствен гуру, таа зборува од сопственото искуство, а тоа е она што е најважно.

 

1. „Таа проба ботокс и не и се допадна“

 

Ботоксот е една од најпопуларните светски козметички процедури што повеќето познати личности ја пробале во одредено време. Дијаз, како и многу други, го проба, но веднаш зажали, бидејќи третманот за опуштање на мускулите на лицето и за измазнување на линиите и брчките ја остави со лице кое не го препознава.

И покрај тоа што тоа било само нешто минимално, Дијаз откри дека тоа го променило нејзиното лице на толку чуден начин. „Не, повеќе би сакала да се видам себеси, моето лице како старее, отколку лице кое воопшто не ми припаѓа мене“, додаде таа.

 

2. „Таа е задоволна со нејзините брчки и не гледа причина да прави пластични операции“

Всушност, таа ги сака овие линии и воопшто не ѝ пречат, тоа само значи дека се смешкала цел живот. Дијаз верува дека ботоксот е само брз лек – сè уште стареете, едноставно не успева. „Толку сме загрижени за фасадата на нештата, а не за она што се случува внатре“, вели актерката.

 

3. „Камерон верува дека клучот за вечната младост е исхраната, вежбањето, водата и насмевката“

 

Во едно интервју Дијаз истакна дека секој треба да направи колку што може повеќе добри избори. Во тоа време, пред нејзините дваесетти, нејзиниот омилен оброк било бурито со грав со дополнително сирење, дополнителен сос, без кромид и голема кока-кола. И сепак не се здебелувала ни килограм, но кожата и била во ужасна состојба. Порано имала ужасни акни кои никаков коректор не можел да ги покрие.

„Мислев дека сум пробала сè за да ја исчистам мојата кожа, но не сфатив дека сета пржена, мрсна, обработена вештачка храна предизвикува хормонален бран што ја направи мојата кожа лоша“, откри Дијаз. „Откако го отсеков ѓубрето, видов толку голема разлика што се чувствував како идиот. Тоа не само што ми ги исчисти акните, туку ми даде и огромна количина на енергија“.

 

 

3. „Иако не е љубител на ботокс таа не ги осудува оние кои го користат“

Дијаз верува дека ботоксот и пластичната хирургија треба да направат луѓето да се чувствуваат малку подобро во сопствената кожа, а ако се чувствуваат, тогаш тоа значи дека процедурите функционирале. И покрај тоа што не сака да го користи на себе, таа признава дека тоа ги прави луѓето да изгледаат малку помлади отколку што изгледале претходниот ден.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *