„Бремена сум секоја година од 2014 до сега- имам многу деца со коишто треба да се справам, но не и со МЕНСТРУАЦИЈАТА“

Мајка на четири деца, која е бремена секоја година од 2014 година, се пошегува дека тоа најмногу ја спасува од маката да има менструација.

Во неодамнешниот клип објавен на нејзиниот семеен профил „TikTok“, @thechavezfamilyy, Медисон Чавез (25) од Флорида, може да се види како танцува со нејзиниот сопруг Џош и нивните четири деца, Кејден, Ченинг, Инди и Исла.

 

 

 

Медисон се пошегува со своите 1,8 милиони следбеници на „TikTok“, велејќи: „Кога ќе те забремени мажот секоја година, така што никогаш нема да се соочиш со менструацијата“.

Мајката на четири деца е бремена секоја година од 2014 година, а својот прв син го дочекала во 2015 година, а во 2017 година следело уште едно момче.

За жал, Медисон претрпела спонтани абортуси во 2018 и 2019 година, но таа го родила своето трето дете во 2020 година, по што следувала уште една ќерка во 2022 година, а Медисон сега е бремена со бебето број пет.

 

 

Инфлуенсерката, која редовно објавува содржини за родителство на апликацијата, го доби своето прво дете во 2014 година кога таа имала 16 години, а нејзиниот сегашен сопруг Џош имал 18 години.

Следбениците се пошегуваа дека младата мајка „се обидува да направи фудбалски тим“, но некои беа повеќе збунети од нејзиното управување со времето.

„Искрено сакам да знам како успевате со сето тоа!“ рече еден човек.

  • Cele напиша:

    Vidi peralna bez motor. Bravos

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *