Бремена жена го снима својот сопруг како се жали колку му е неудобно во болницата додека ТАА се пораѓа – тврдејќи дека персоналот го третирал како животно зашто немал свој кревет

Една ТикТокерка предизвика бурни реакции откако објави видео од нејзиниот поранешен сопруг како се жали на неговата непријатност во болница додека таа е на породување и има болки.

 

 

Како предупредување до другите жени со „нарцисоидни“ партнери, Мараја Ли објави два клипови кои демонстрираат пример за себичното однесување на нејзиниот поранешен, насловени со хаштагови #narcissisticpersonalitydisorder #narcissistssurvivor. На видеата се гледа како тој се жали поради тоа што нема свој „соодветен“ кревет, нема перница и е гладен.

 

На почетокот на првото видео Марија прашува: „Јас морам да го подготвам моето тело да истуркам друго човечко суштество, а за што треба ти да се подготвиш?“

Нејзиниот партнер одговара со насмевка на лицето: „Не ми е пријатно, мора д бидам подалеку од мојот телевизор, од храната што сакам да ја јадам, не ми е удобно, столчето не е удобно. Ова е двоен процес знаеш? Кога ќе го родиш бебето, во ред, рефлекторите се насочени кон тебе, но во меѓувреме и мене би требало да ми биде удобно!“.

Кога Мараја му кажува на бившиот дека претходната вечер не спиела добро и дека креветот не е удобен, тој и вели дека барем има кревет и душек.

Во следното бившиот на Мараја опишува дека тоа не е „идеална околност“ и ако се работи за хотелска соба со кревет и минибар, работите би можеле да бидат подобри. Замислувајќи го своето идеално сценарио, тој продолжува: „Можеби блек џек маса, коктел… можеби би можел да одам на спа третман, маникир“.

По неговите забелешки, Мараја го прашува нејзиниот тогашен партнер зошто е таму, на што тој одговара: „Тука сум да те поддржам во овој процес“. Но, таа му вели дека не дава поддршка и кога го замолува да ѝ го трие грбот затоа што има болки, тој одбива.

Во еден момент, идната мајка рече дека го фатила како праќа пораки на друга жена додека таа се обидувала да разговара со него. За работите да бидат уште полоши, кога станува збор за породувањето, папочната врвца се завиткала околу вратот на нејзината ќерка, а нејзиниот сопруг почнал да прави како да се дави за да привлече внимание од лекарскиот тим.

Мараја напиша: „Да не беше мајка ми да ми помогне и да го увери докторот дека е добро, не знам што ќе се случеше“.

До денес, нејзините видеа се прегледани повеќе од 1,2 милиони пати, а многу гледачи го критикуваат нејзиниот поранешен поради неговото однесување.

Мараја вели дека оттогаш поднела барање за развод и документите во моментов се во тек.

 

Како предупредување до другите, таа напиша: „Трауматските врски се реални! Овој човек го започна циклусот кога имав само 19 години и навистина не ги разбирав знаците на злоупотреба. Се додека еден застапник за семејна злоупотреба не ме подучи колку всушност биле погрешни работите што тој ги правел. Таа беше неверојатна и ми помогна да се извлечам од него. Повторното преживување на ова е тешко, но споделувањето е важно. Ова видео всушност беше прилично добра размена на неговиот спектар на злоупотреба. Знам дека има повеќе жени таму кои имаат чувство во стомакот, но тој победува со трауматската врска секој пат. Сакам да покажам дека овие работи се собираат. Ако вашиот стомак вели дека нешто не е во ред, верувајте во тоа. Мислев дека на моите девојчиња им должам домаќинство со двајца родители затоа што никогаш не преземав ништо. Вистината е дека среќниот дом од еден родител е најдобрата опција! За сите мои други преживеани таму, можете и вие да го направите тоа!“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *