Брилијантниот план на Лук Литлер да ги претвори британските деца во математички генијалци воведувајќи ЗАДОЛЖИТЕЛЕН пикадо час на училиште

Лук Литлер, 17-годишен талент за пикадо, верува дека пикадото треба да стане дел од наставната програма во училиштата за да инспирира „целата нова генерација“ млади играчи. Според него, пикадото не само што може да ги подобри математичките вештини на учениците, туку и да промовира спортски дух и натпреварувачка култура.

 

 

 

Литлер, кој оваа година стана најмладиот финалист на „Paddy Power PDC“ Светското првенство во пикадо, изјави: „Пикадото може да помогне со математика, но тоа е многу поразлично од обичен час по математика. Би било одлично децата да се вклучат во пикадото во училиштата. Да го направиме тоа, за да создадеме нова генерација таленти“.

Тој добиваше скандирања од публиката во Александра Палас за време на неговиот настап на Светското првенство, а училиштето изрази гордост за неговите достигнувања. Литлер исто така ќе биде дел од документарниот филм на „Sky“, „Game Of Throws: Inside Darts“ и се подготвува за следниот турнир.

 

 

Друг играч на пикадо, Бав Пател (34), целосно ја поддржува оваа иницијатива. Според него, пикадото може да се воведе кај деца уште од три или четири години, бидејќи ги учи на основите на математиката и постепено ги развива нивните способности. Освен тоа, тој смета дека пикадото промовира спортски дух и натпреварувачка етика, што е од голема корист.

Дали оваа идеја ќе се реализира, останува на одлуката на министерот за образование на Велика Британија, Бриџит Филипсон.