Британка откри како живее во луксузен петѕвезден хотел во Азија за само 520 евра месечно и не мора да готви ниту чисти

Сè повеќе Британци се селат во странство во потрага по подобар живот – и една жена откри како ужива во вистински рај од хотел во Азија, за невидено ниска цена.
Диаманте Лаива, поранешна учесничка во Love Island, раскажува како минатата година ја напуштила Велика Британија и нашла престој во суперлуксузен хотел по смешна сума.

Британка откри како живее во луксузен петѕвезден хотел во Азија за само 520 евра месечно и не мора да готви ниту чисти

Стан со кујна, дневна и спектакуларен поглед кон градот за малку пари

Во видео на Инстаграм, Диаманте гордо ја покажува својата извонредна апартман-соба која располага со кујна, простор за седење и неверојатен поглед кон градот.

Сè чисто, секогаш – Диаманте добива професионално чистење секоја недела

„Секој викенд ми ја чистат куќата, така што не морам да готвам ниту да чистам”, вели Диаманте. За ова луксузно задоволство, таа месечно плаќа само 520 евра.

Сè чисто, секогаш – Диаманте добива професионално чистење секоја недела

Омилено место ѝ е бањата со инфрацрвени светла и четири сауни, плус просторија со мраз

Во друго видео, Диаманте раскажува дека нејзино омилено место во хотелот е спа-релакс зоната. „Овде има инфрацрвени светла, тоа е добро за кожата“, раскажува таа. Спа зоната има и четири сауни и просторија со мраз, кои Диаманте со задоволство ги користи.
„Ова е златната сауна, дефинитивно е многу потопла”, додава Диаманте додека камерата ги прикажува златните sидови. „Стените се направени од злато.”

Омилено место ѝ е бањата со инфрацрвени светла и четири сауни, плус просторија со мраз

Во хотелот има се: салон за нокти, масажи, казино, стриптиз клуб и дуќан отворен до полноќ

Гостите на хотелот имаат пристап до салон за нокти, простории за масажа, казино и стрип клуб, а исто така и до продавница која работи до полноќ. „Ако ти затреба нешто ситно и не сакаш да одиш надвор – сè тука има, од четка за заби до грицки и пијалоци“, објаснува Диаманте.
Диаманте гордо нагласува: „Сето ова можам да го користам, вклучено во киријата.”

Секој ден вечери со поглед на градот од sky lounge ресторан, а базенот е отворен до 23:00 часот

Најчесто, Диаманте вечера во sky lounge ресторанот на хотелот, со фасцинантен поглед кон градот. Покрај sky bar-от се наоѓа базенот кој работи до 23 часот, така што може речиси цел ден да се плива.
Иако Диаманте не кажува точно каде е хотелот, коментарите шпекулираат дека се наоѓа во огромниот виетнамски град Да Нанг.

  • Seirgija напиша:

    Nogo Crna BRITAKAVA??? HIHIHIHIHIHIHI brintanka via somalia !!!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Seirgija Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *