Британска мајка се шокирала кога открила дека бебето што го чувала во болница не е нејзино – еве како дознала

Шокантниот инцидент се случи минатиот септември во болница во Дорсет, Англија каде Мејзи Бет (22) ја родила својата ќерка Изабел.

Бет вели дека ја сфатила морничавата мешаница дури кога отишла да ја смени пелената на нејзината ќерка и открила дека всушност се грижи за машко бебе. А замислете да беше и тоа женско?

„Господ знае што ќе се случеше. Можев да го дојам, а неговата мајка да се разбуди на празно креветче.“, изјави Бет.

 

Набргу по раѓањето на бебето Изабел, акушерките ја известиле Бет дека на новороденчето му е потребна фототерапија и мора да биде сместено во специјална просторија.

Една ноќ, Бет отишла да го провери своето новороденче и нашла бабица во канцеларија која држи младенче.

„Бабицата излезе од канцеларијата и ми рече да влезам бидејќи ја имаа Изабел таму, а јас само претпоставував дека ја изнесоа со нејзиното креветче за фототерапија додека бев во тоалетот“, тврди Бет.

„Медицинските сестри ми рекоа дека таа е таму некое време бидејќи многу плачела“, продолжи таа. „Ми рекоа дека изгледа токму како мене. Во овој момент беше толку рано, а јас бев два дена по породувањето, па едноставно не се сомневав во ништо и го вратив бебето во мојот кревет“.

 

Дури подоцна, кога Бет отишла да му ја смени пелената на новороденчето, открила дека всушност тоа е момче, а не на нејзината мала ќерка.

„Мојата инстантна реакција беше дека некој ми го украде бебето“, се сеќава мајката. „Бев апсолутно преплашена по четири години неплодност. Мислев дека го изгубив моето бебе откако го родив“.

Бет верува дека акушерките по грешка ги измешале бебето Изабел и новороденото момче во болница, но не ѝ е јасно дали мајката на другото дете некогаш сфатила.

„Другата мајка спиеше на сосема поинакво одделение од мене и не знам дали некогаш знаела дека бебето ми беше дадено мене“, објасни таа.

 

„Колку што сум запознаена, Изабел сè уште беше во креветчето за фототерапија цело време по ходникот од мене, но не знам што се случуваше додека бев со другото бебе“.

Болницата започна истрага за тоа како настанала грешката.

Лорејн Тонге, директорка за акушерство во Универзитетските болници Дорсет, изјави за Катерс: „Длабоко жалиме за каква било вознемиреност што беше предизвикана и отидовме до мајката за да ѝ понудиме поддршка. Ние би ја повикале да стапи во контакт со нас за да ни помогне во нашата истрага“, додаде Тонге. „Безбедноста на нашите родители и бебиња е највисок приоритет и ние сме посветени да обезбедиме целосна поддршка на погодените семејства“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *