Британската плавуша ја искористила својата висина за да почне да заработува 200.000 фунти годишно

Пени е 34 годишна мајка на 2 деца, со факултетска диплома по психологија. Таа работела по струка, но откако го открила овој нов извор на пари поврзан со своите 185 сантиметри висина, се откажала од професијата и целосно му се посветила на тоа.

„Мојата висина ме направи толку популарна. Да бев пониска, немаше да можам да заработам толку многу. Поголемиот дел од мојот приход доаѓа од бакшиш и видео емитувања еден на еден каде што се преправам дека сум ЏИН. Најчесто мажите бараат да се преправам дека продолжувам да растам, а тие се смалуваат. Сакаат да бидат меѓу моите гради, задникот или во моите чевли додека не ги здробам“, ја објаснува својата нова работа Пени.

Пени знае дека луѓето не го одобруваат овој начин на заработка. Сепак, во исто време, жената верува дека нема ништо срамно во него. Освен тоа, на Британката и е драго што можела да почне да заработува големи суми на својот изглед, поради што порано имала комплекс.

Претходно, Пени била многу загрижена за својата висина. Мажите често ја одбивале затоа што била поголема од нив, а нејзиниот личен живот секогаш бил полн со тешкотии. Меѓутоа, откако почнала да снима еротски содржини, таа го прифатила и се заљубила во својот изглед. Заедно со ова во нејзиниот живот влегле и мажи кои воопшто не се срамат од нејзината висина, туку дури и обратно.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.