Британски функционери се во страв дека Кина ги прислушкува во нивните автомобили на пат од работа до дома
Високи британски функционери се предупредени да бидат внимателни при разговори во своите автомобили поради загриженост дека Кина може да прислушкува и да добие пристап до доверливи информации.
Британската влада неодамна позајми стотици електрични возила од Кина за Министерството за одбрана (МО) и други тајни организации, со цел да промовира еколошки пристап. Меѓутоа, постојат сомневања дека овие возила може да содржат скриени микрофони за прислушкување на доверливи разговори. Еден извор тврди дека вработените често дискутираат за работата додека се возат, што би можело да ја загрози безбедноста на земјата. Министерството за одбрана издаде официјално соопштение до своите вработени да не зборуваат за службени работи додека се во автомобилите.
„Лудо е. Многу од овие електрични автомобили ги користат високи офицери кои знаат многу тајни”, изјави извор за „The Sun“.
И покрај овие стравувања, владата нарачала уште возила од Кина за да ја исполни својата зелена агенда. Многу од нив се од MG – произведени од државната „Shanghai Automotive Industry Corporation“.
Тие тврдат дека безбедноста им е главна грижа: „Заштитата на националната безбедност е основа на сè што правиме. Имаме строги безбедносни процедури за да обезбедиме заштита на чувствителните информации”, изјави портпаролот.
Откривањето на прислушни уреди во возило е тешко, бидејќи напредната технологија може лесно да се скрие во механиката на моторот. Експертите препорачуваат физичка инспекција за да се утврди дали возилото е прислушувано. Овие инспекции би се вршеле редовно, но на вработените во МО ќе им биде забрането да дискутираат за службени работи во близина на електричните автомобили.
Коментирај анонимно