Британските семејства се соочуваат со удар од 1.200 фунти за струја и хипотеки оваа зима, експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа

Британските семејства добија предупредување дека најтешкиот дел од кризата допрва следува. Инфлацијата се искачи на највисоко ниво во последната година, а домакинствата влегуваат во зима со речиси 1.200 фунти дополнителен товар од повисоки сметки за енергија и поскапи рати за хипотекарни кредити.
Ова доаѓа во период кога Владата ветуваше економско олеснување за семејствата, но бројките покажуваат поинаква слика: поскапо греење, поскапи кредити и нов притисок врз секој месечен буџет.

Британските семејства се соочуваат со удар од 1.200 фунти за струја и хипотеки оваа зима, експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа

Инфлацијата стигна до 3,6 проценти, а горивата го повлекоа новиот бран поскапувања

Канцеларијата за национална статистика објави дека инфлацијата во Велика Британија во октомври се искачила на 3,6 проценти. Тоа е значително над целта од 2 проценти што ја има поставено Банката на Англија.
Главниот двигател на поскапувањата бил растот на цените на горивата, но притисокот веќе не се задржува само таму. Анализата на консултантската кука „Меккинзи“ покажува дека цените на основните потреби, меѓу кои се домувањето, греењето, храната и облеката, растат со уште побрзо темпо од 5 проценти годишно. Тоа е најбрз раст во повеќе од три години.

Инфлацијата стигна до 3,6 проценти, а горивата го повлекоа новиот бран поскапувања

Јануарските сметки за струја и гас се движат кон 2.166 фунти годишно

Енергетските експерти предвидуваат дека просечните годишни сметки за енергија од јануари ќе се зголемат за 26 проценти. Тоа значи дополнителни 443 фунти за домакинствата.
Со тоа просечната годишна сметка би достигнала 2.166 фунти, највисоко ниво од 2023 година. Кога овој раст ќе се спои со повисоките камати, вкупниот удар за едно просечно семејство достигнува речиси 1.200 фунти.

Јануарските сметки за струја и гас се движат кон 2.166 фунти годишно

Каматите веќе се кренаа од 3,75 на 4 проценти, а пазарите гледаат ризик над 80 проценти за ново зголемување

Стравувањата од ново покачување на основните каматни стапки пред Божиќ се засилија. Зголемувањето од минатиот месец, заедно со можно ново покачување, би можело да додаде повеќе од 700 фунти годишно на сметките на граѓаните со променливи хипотекарни договори.
Од Банката на Англија предупредија дека инфлацијата, дополнително поттикната од глобалните геополитички тензии на Блискиот Исток, ќе продолжи да расте и следната година. Гувернерот Ендру Бејли посочи дека семејствата се соочуваат со уште потешки месеци, бидејќи притисоците врз домашниот буџет ќе се зголемуваат поради растот на енергенсите и станбените кредити.
Опасноста од влегување во нова спирала на поскапувања, која се шири од енергенсите кон останатиот дел од економијата, ја натера централната банка на почетокот на месецот да ги зголеми каматните стапки за првпат по три години.

Осум дена пред Божиќ може да пристигне одлука што додава 737 фунти годишно на променливите кредити

Финансиските пазари проценуваат дека постои вероватност од над 80 проценти за ново зголемување на каматите во декември, само осум дена пред божиќните празници. Предвидувањата се дека каматните стапки би можеле да достигнат и до 5 проценти до крајот на 2027 година.
Комбинираниот ефект од покачувањето на каматите во ноември и декември би додал во просек 737 фунти годишно на отплатите на типичните променливи кредити.
Иако повеќето граѓани имаат договори со фиксна каматна стапка, повеќе од два милиони такви договори истекуваат до крајот на 2027 година. Тогаш граѓаните ќе мора да се префрлат на значително поскапи нови стапки.

Офгем следната недела го поставува плафонот што ќе важи од јануари

Внимателно следената прогноза на консултантите од „Корнвол инсaјт“ укажува на остар раст на сметките за струја и гас кога регулаторот „Офгем“ следната недела ќе го утврди новиот плафон на цените. Новите цени треба да стапат во сила од јануари, а се очекува и ново благо зголемување во април.
Во извештајот се наведува дека причината се високите и нестабилни цени на големопродажните пазари, особено за природниот гас. Конфликтите на Блискиот Исток предизвикуваат прекини во снабдувањето, додека европските складишта за гас бележат рекордно ниски нивоа на почетокот на грејната сезона.

Крег Лоури предупреди дека постудениот јануари доаѓа кога домакинствата се веке исцрпени

Крег Лоури, експерт за малопродажни пазари во „Корнвол инсaјт“, изјави дека моментот не можел да биде полош, со оглед на тоа што постуденото јануарско време ја зголемува потрошувачката на енергија кај домакинствата кои веке се исцрпени од кризата со трошоците за живот.
Економистите предупредуваат дека насоката на движење на цените не е охрабрувачка. Софи Хејл од тинк-тенк организацијата „Резолушн фаундејшн“ нагласи дека најлошото допрва следува, бидејќи енергетските трошоци неизбежно ќе се прелеат и врз цените на сите останати производи и услуги.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *