„Бродот на слободата“ е пловечки град долг еден километар што може да превезе до 80.000 луѓе
Идејата за пловечки град првично ја предложил американскиот инженер Норман Никсон во 1990-тите, но никој навистина не се обидел да изгради такво нешто. Нацртите за неговиот оригинален брод неколкупати биле повторно отворени во последните три децении, но проектот никогаш не излегол од фазата на разговори.
Сега, компанија за крстарења тврди дека интересот за Freedom Ship е толку голем што „речиси би можело да се оправда изградба на три брода!“

Содржина:
Роџер Гуч вели дека тим од 12 луѓе веќе работи на тоа Freedom Ship да стане реалност
„Се чувствуваме многу сигурни дека можеме да го составиме ова, но капитализацијата е клучна“, изјави Роџер Гуч, главен извршен директор на Freedom Cruise Line International, за весникот The Telegraph.
Тој додаде дека компанијата веќе ангажирала проектен менаџер, дизајнер и поморски архитект како дел од раководен тим од 12 луѓе, со задача да го претворат Freedom Ship од идеја во вистински брод.
Но, дури и ако компанијата ги најде потребните пари, реализацијата би барала огромен инженерски напор. Станува збор за пловило околу десет пати поголемо од најголемиот крузер во светот. Трупот би морал да се гради во делови и потоа да се составува на отворено море, бидејки ниту едно бродоградилиште не би можело да прими ваков џин.

50.000 жители, 10.000 посетители и 20.000 вработени би се превезувале со помали бродови
Freedom Ship би бил широк околу 244 метри и висок 30 палуби. Во него би можеле постојано да живеат до 50.000 луѓе, да престојуваат уште 10.000 посетители, а за сите нив би се грижеле 20.000 членови на персонал.
Тоа е приближно осум пати повеќе луѓе од вкупниот капацитет на најголемиот крузер во светот. Бидејки бродот не би го собирал во ниту едно пристаниште, патниците би пристигнувале и би заминувале со помали пловила.
Како вистински град на вода, Freedom Ship би имал болница, училишта, банки, продавници, ресторани и други објекти. Гуч рече дека компанијата сака сама да управува со дел од содржините, како казината, но за останатото би соработувала со други компании.

„Сакаме претприемачи да изнајмуваат или купуваат простор од нас“
„Сакаме претприемачи да изнајмуваат или купуваат простор од нас, исто како што би направиле во заедница на копно“, рече Гуч. „Исто така сакаме најсовремена болница. Ни пристапија медицински истражувачки установи бидејки би биле надвор од дофатот на регулаторните тела, па Freedom Ship би бил идеално место за тоа.“
Ако некогаш стане реалност, како што се надева Freedom Cruise Line International, Freedom Ship највероватно би се движел со нуклеарна енергија. За да се случи тоа, компанијата прво треба да собере повеќе од 16 милијарди долари.

Коментирај анонимно