БУ! Џесика Алвес ги облече своите „лубеници“ во светкаво боди и се прошета со нив низ Лондон
Џесика Алвес ги покажа своите хируршки подобрени облини во блескаво кафеав комбинизон, во лондонскиот Мејфер во понеделникот вечерта. Таа никогаш не е премногу срамежлива да приреди шоу, па така направи и сега со нејзината пријателка Ајслин Хорган-Волас пред да влезе во ресторанот и барот Новиков.
Џесика, која ги покажува резултатите од нејзиното неодамнешно подигнување на лицето и вратот од 15.000 долари , ги сврте главите на присутните на настанот.
Гламурозното ноќно излегување на Џесика доаѓа откако таа откри дека отишла во Турција за нејзината последна операција – лифтинг на лицето, усните и вратот на 7 февруари.
Поранешната ѕвезда на познатиот „Големиот брат“, која имаше повеќе од 100 зафати и потроши повеќе од 1 милион долари, првично одлета во Истанбул за да ги подигне усните за да поправи некоја неуспешна операција, но сега мисли дека е време да го „обнови својот изглед“.
Таа се упатила кон клиниката „Трио“ откако решила да направи операција за подигнување на лицето и вратот за да си „одземе 10 години“ и „да ја врати нејзината самодоверба да најде помлад љубовник“.
Последните зафати доаѓаат само два месеци откако телевизиската личност изјави дека е „завршена“ со естетската хирургија. Зборувајќи ексклузивно за медиуите, Џесика рече: „После 21 година под пластични операции, сега на 40-годишна возраст официјално можам да кажам дека завршив со тоа. Не сум совршена, но барем сум среќна и моето тело одговара на мојата душа. Тоа не беше лесно за мене, покрај количината на потрошено време, тоа го гледам како инвестиција за среќен живот понатаму“.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
Коментирај анонимно