Бугаринот Стојан Стојанов, којшто украде милиони во Велика Британија, сакал депортација во неговата родена земја за да живее НОРМАЛЕН живот
Бугарски криминалец кој учествувал во најголемата измама со социјални бенефиции во Британија бара да биде депортиран, но властите одбиваат сè додека не се вратат украдените милиони.
Стојан Стојанов (28) беше осуден на четири години затвор во 2024 година за неговата улога во измама вредна 60 милиони долари. Бандата од бугарскиот државјани користела лажни документи и вистински идентитети за да поднесува лажни барања за „Universal Credit“. Иако ја отслужил казната, Стојанов останува во Британија под имиграциски надзор, додека обвинителите бараат скриени средства.
На неодамнешно судење, тој побарал да биде депортиран, велејќи дека има „право на нормален живот“, но судијата му одговорил дека мора да се соочи со последиците.
Стојанов бил еден од петтемината осудени, а водачот на групата, Галина Николова (39), сè уште ја издржува осумгодишната казна. Друг член, Ѓунеш Али (34), добил седум години, откако јавно се фалел со луксузен живот финансиран со украдените пари.
Се верува дека вистинскиот обем на измамата е многу поголем, а Министерството за труд и пензии (DWP) признава дека можеби недостасуваат стотици милиони.
Бандата искористила 6.000 украдени идентитети за да добие бенефиции, вклучувајќи и имиња на бугарски деца. Тие управувале со три „фабрики за бенефиции“ низ Лондон, создавајќи лажни договори за закуп, фалсификувани платни листи и писма од лажни газди, работодавци и лекари за да го измамат DWP.
Измамата била откриена случајно, кога бугарски полицаец ги предупредил британските власти дека криминалци од неговиот град живеат во луксуз од украдените пари.
Некои членови на бандата веќе се ослободени. Цветка Тодорова (53), која украла 500.000 долари, изјавила за бугарските медиуми дека британскиот затвор ѝ бил „како одмор“, бидејќи имала пристап до теретана и салон за убавина.
Стојанов, пак, не може да работи, ниту да бара социјална помош, а конфискацијата на украдените средства може да ја продолжи неговата принудна останка во Британија до летото.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Jas Sam bio zatvor u London nije bile loso kad San ulazio bio Sam 57 kg kad Sam izadzio iz zatvor za 17 meseca 86 kg bio Sam pravo govedo i plus naucio Sam angliski i da Radim na drebung dobar iskustvo plus Dali su mi Platu 820 funte klosari
Абе се ок ама како шо гледам со интелегенцијата слабо и пред 86 кг и после тоа.
Коментирај анонимно