Бугарката има голем проблем: „Мажите сакаат да ме носат на состаноци и да ми плаќаат за патувања поради моите полни усни – но не можам да најдам љубов“
Андреа Емилова Иванова (25) од Софија, Бугарија, поминала низ 43 зафати на усните и неодамна добила четири нови инјекции со хијалуронска киселина во јаготките. Таа неодамна се најде на насловните страници откако откри дека издвоила околу 1.800 евра за полнење на јаготките, во обид да постигне издлабен изглед. На усните досега има потрошено околу 22.800 евра.

Инфлуенсерката на социјалните мрежи, која ја започна својата транзиција кон пополни усни во 2018 година, се надева дека ќе постигне нов рекорд со нејзината добро дефинирана структура на лицето, покрај нејзината самопрогласена титула за најголеми усни на светот. Но, Андреа сега е подготвена да се појави во бугарската верзија на реалното шоу The Bachelor со надеж дека ќе најде љубов.

Родена и израсната во Бургас, Бугарија, Андреа, која е дипломирана по германска филологија, е единственото дете на нејзините родители. Андреа отсекогаш сакала да биде ексцентрична и сакала различни појави, велејќи: „Не сакам здодевни обични појави и сум љубител на огромни форми и ексцентрични убавини. Природната убавина ми е здодевна, па решив радикално да го променам својот изглед. Сакав да се видам себеси со драстичен изглед пред и потоа и имам уште многу промени пред мене бидејќи сè уште не сум завршила со менувањето“.

И покрај тоа што го привлекува вниманието на стотици илјади мажи на интернет, Андреа сè уште бара романса.
„Јас сум девојка со поинаков и екстравагантен изглед и ова е чудно за многу мажи. Секако дека има многу мажи на кои многу им се допаѓам, но има и такви кои не ме сакаат. Мислат дека сум чудна и луда“. – Хмм, зошто ли би помислиле така?

Андреа откри дека многу нејзини машки обожаватели ја контактирале на социјалните мрежи и ѝ понудиле да ја изведат на состаноци или ѝ понудиле пари и патувања во нивните земји, што таа рече дека е „одлично“.
„Ме прави среќна што има луѓе на кои им се допаѓам и го сакаат моето друштво и внимание. Сепак, ќе бидам посреќна кога ќе ја запознаам љубовта на мојот живот, но не знам кога тоа ќе се случи“, додаде таа.
Иако Андреа е подготвена да ризикува со тоа што оди во реално шоу за да го пронајде „мажот од нејзините соништа“, таа нема навистина големи очекувања.
„Не знам дали ќе му се допаднат девојките како мене со вештачка убавина. Но, јас сакам да го изненадам со моето добро и љубезно однесување и моите добри манири. Ова ќе биде и личен експеримент за да се види дали ерген би сакал девојка како мене со „подобрувања“.

Андреа добива многу предлози за брак од мажи ширум светот, но таа останува незаинтересирана.
„На социјалните мрежи добивам предлози за брак од мажи ширум светот од различни земји и континенти. Откако го променив мојот изглед, речиси секој ден добивам приватни пораки на интернет од различни мажи кои ме запросуваат. Ова ме прави многу среќна, бидејќи чувствувам дека има луѓе кои се како мене. Некои мажи дури и се лутат затоа што не одам да се видам со нив“.
Посветеноста на Андреа да биде највештачка личност што постои е неспоредлива и нејзините неодамнешни процедури се доказ за тоа.
„Неодамна имав четири нови процедури на моите јаболчници, односно четири нови инјекции на хијалуронска киселина во моите јаболчници. Добив две инјекции со хијалуронска киселина во едниот образ и две инјекции со хијалуронска киселина во другиот јаболчник. Ги правев овие процедури во различни денови во месецот. Имав уште една инјекција на хијалуронска киселина во усните како и секој месец. Секако, секој месец добивам нова инјекција на хијалуронска киселина во усните. Тоа ми е како ритуал. Наскоро повторно имам закажано нови инјекции за зголемување на јаготките. Продолжувам со зголемување на јаболчниците бидејќи сакам да го постигнам тој „уа ефект“ со нив и сакам да бидат огромни како моите усни. Исто така, продолжувам со моето зголемување на усните бидејќи сакам да имам уште поголеми усни. Моите сегашни усни изгледаат навистина мали според мене и сакам да имам многу поголеми усни од она што го имам сега“.
Андреа те советуваме да направиш нешто и на веѓите кога веќе си почнала. И имаме да додадеме само, тешко на твоите родители…

Poarno usite da gi napraese !
Pa vidi te baraat za stavat k..
Dzabe ti taa diploma koga nemas u tikvata. Edinstven degenerik na mama i tato.
Ја со ваква ни на интернет не би се допишувал
Да ја ставам оваа во нива има гавраните пченката од прошлата година да ја враќаат
ke ja primat vo nekoj horor fil od Amerika da ja stavat 2023
Коментирај анонимно