CDC со неочекуван потег – конечно ќе ја истражува можната врска меѓу вакцините и аутизмот
Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) планираат голема студија за потенцијалната врска меѓу вакцините и аутизмот, откриваат извори.
Два извора за Ројтерс изјавиле дека агенцијата подготвува истражување за одамна побиената поврзаност меѓу вакцините и аутизмот. Засега не е јасно дали новиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој долго време е скептичен кон вакцините, има улога во оваа студија или како таа ќе биде спроведена.
ЦДЦ и Министерството за здравство (HHS) не биле достапни за коментар.
Овој неочекуван потег се случува во време на една од најголемите епидемии на мали сипаници во историјата на САД, со над 150 случаи низ државата и две смртни случаи во Тексас и Ново Мексико.
Експертите предупредуваат дека падот на стапката на вакцинација во одредени делови на САД го зголемува ризикот од епидемии.
Кенеди, кој како министер има надлежност врз ЦДЦ, долго време ја доведувал во прашање безбедноста на ММР вакцината (за морбили, заушки и рубеола), како и на вакцините против Ковид-19 од Pfizer и Moderna.
Сепак, оваа недела тој направи пресврт, повикувајќи ги луѓето да се вакцинираат против мали сипаници. Но, истовремено нагласи дека вакцинирањето треба да остане „личен избор“ на родителите.
Трамп ја истакна зголемената стапка на аутизам
Претседателот Доналд Трамп, во обраќање пред Конгресот, ја спомена зголемената стапка на аутизам кај децата, велејќи: „Нешто не е во ред.“
Обраќајќи му се на Кенеди, Трамп додаде: „Ќе дознаеме што е тоа, а нема подобар човек за тоа од Боби и неговиот тим.“
Стручњаците остро го критикуваат потегот на ЦДЦ
Одлуката на ЦДЦ за ново истражување предизвика остра реакција кај здравствените експерти, кои ја сметаат за опасна.
Дијагнозите на аутизам во САД значително пораснаа, од седум на 1.000 деца во раните 2000-ти, до едно на 36 деца во 2022 година.
Научниците овој пораст го припишуваат на подобрена дијагностика и зголемена свесност, но некои истражувања укажуваат на можни влијанија од загадување, хемикалии во храната и водата, како и компликации за време на бременоста.
Теоријата дека вакцините предизвикуваат аутизам произлегува од истражување на британскиот доктор Ендру Вејкфилд од 1990-тите, кое подоцна беше повлечено, а нему му беше одземена лекарската лиценца. Дали дека ширел теории на заговор или баш дека ја кажувал вистината?
Д-р Пол Офит, директор на Центарот за едукација за вакцини во Детската болница во Филаделфија, предупреди дека истражувањето ќе ја загрози здравствената заштита.
„Ова нема да им помогне на децата со аутизам, но ќе го зголеми ризикот од заразни болести“, рече тој.
Со оглед на тековната епидемија на мали сипаници, Офит се загрижен дека ова истражување ќе доведе до уште поголем пад на стапката на вакцинација и нови случаи.
„Оваа епидемија не е банална. Верувам дека реалниот број случаи е поголем од пријавениот. Имаме недоволно вакцинирано население, а веќе двајца луѓе починаа непотребно.“
Анти-вакциналните ставови на Кенеди се причина за загриженост и меѓу некои републиканци. Сенаторот Бил Касиди, кој е и лекар, му предложи на Кенеди да се огради од било каква врска меѓу вакцините и аутизмот. Кенеди негираше дека е против вакцините, но не призна дека врската меѓу вакцините и аутизмот е веќе научно побиена.
Во меѓувреме, на сослушувањето на номинираниот директор на Националниот институт за здравје, д-р Џеј Батачарија, Касиди го праша за неговиот став по ова прашање.
„Не верувам дека постои врска, според она што го читам во научната литература“, одговори Батачарија.
„Но, бројот на случаи на аутизам драматично расте, а ниту еден научник сè уште не го знае точниот причинител. Поддржувам широка научна агенда за да се најде вистинскиот одговор.“
Коментирај анонимно