Човек отишол на тридневно патување за да го пронајде напуштениот авион со дрога на Пабло Ескобар – еве што имало внатре

Човек кој отишол на тридневно патување во потрага по „напуштениот авион на Пабло Ескобар со дрога“ сподели што пронашол внатре во остатоците.

На „YouTube“ каналот „Fearless & Far“, Мајк Кори и неговиот тим влегоа длабоко во џунглата во Мексико на тридневно патување за да го најдат авионот. И она што го пронајдоа може да даде индиции за тоа што се случило.

 

 

 

Во 1966 година, товарен авион со големи пратки се урнал на полуостровот Јукатан во близина на градот Селестун во Мексико. Авионот беше откриен дури 13 години подоцна, а властите сè уште не знаат што всушност се случило со авионот, ниту за судбината на неговиот екипаж и патниците. Кога бил откриен, товарот што требало да биде во авионот мистериозно исчезнал.

 

 

Иако има гласини дека авионот му припаѓал на Пабло Ескобар – и носел дрога – тоа никогаш не е потврдено. Тргнувајќи да види што би можеле да откријат, Мајк доаѓа лице в лице со змија само неколку часа по патувањето.

Тој во видеото вели: „Знаевме дека оваа авантура ќе биде интензивна, но во моментов се обидуваме да ги прескокнеме пречките боси“.

На крајот, по три дена пешачење низ груб терен, Мајк и тимот стигнуваат до авионот, кој е закопан длабоко во шумите. Откако погледнал околу авионот, Мајк открива дека седиштето на пилотот, воланот и прозорецот сè уште се недопрени, а во меѓувреме се чини дека горниот дел од авионот е преполн со дупки од куршуми.

 

 

Додека внатрешноста на авионот била прилично празна, тимот пронашол неколку буриња во близина на крилото, за кои веруваат дека би можеле да бидат „буриња со кокаин“.

Мистеријата е се уште нерешена.

Есобар имал 44 години кога загинал во престрелка со колумбиската полиција и агентите на ДЕА во 1993 година.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *