Човек преживеал 438 дена на море пиејќи крв од желка и јадејќи ајкули, но приказната набрзо добила пострашен пресврт

Еден човек тврди дека преживеал 438 дена сам на отворено море, за подоцна да се соочи со обвинувања за канибализам кога конечно стигнал на копно.

 

 

Во декември 2012 година, 35-годишниот Хозе Салвадор Алваренга тргнал од Мексико на патување за да лови ајкули со неговиот 22-годишен придружник Езекиел Кордоба. Кога моторот на нивниот брод откажал, тие останале заглавени на средина на Тихиот Океан. Алваренга беше пронајден во јануари 2014 година на Маршалските Острови, зашеметен и изнемоштен, 438 дена откако тргнале од Коста Азул, Мексико.

 

 

 

Приказната за преживување на Алваренга запрепасти многумина. Тој тврди дека останал жив фаќајќи птици, риби и желки и пиејќи дождовница, крв од желка и сопствената урина кога имало малку вода. Откако поминал психолошко испитување и тест за детектор на лаги, неговата приказна била оценета за веродостојна, а издавачите се натпреваруваа за правата на неговите мемоари.

 

 

 

Тој го опиша своето искуство: „Секој ден беше ист, само морето и мојот брод… Живеев на риба, а еднаш уловив мала ајкула“. Меѓутоа, кога го запознал семејството на Кордоба, тензиите се зголемиле.

 

 

Роднините на Кордоба се сомневаале во неговата приказна, обвинувајќи го за канибализам. Во 2015 година, тие побарале отштета од 1 милион долари, тврдејќи дека Алваренга го изел Кордоба за да преживее. Адвокатот на Алваренга 6ги негираше овие обвинувања.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *