Човек што страдал од ретко нарушување на идентитетот, сакал да си ги отстрани прстите: „Мислеше дека малите прсти на рацете не се негови, па доброволно му ги ампутираа!“

Во Квебек, Канада, на еден маж му биле отстранети два прста бидејќи долги години имал неодолива желба да се ослободи од нив.
Пациентот, чиј идентитет не е откриен, од детството страдал од наметливи мисли дека малите прсти на левата рака не му припаѓаат на неговото тело. Овие мисли му предизвикувале постојана вознемиреност и раздразливост, како и кошмари во кои неговите прсти скапувале и паѓале.

 

 

 

„Додека работеше во пилана, тој почна да размислува за изградба на мала гилотина за да си ги отсече прстите“, рече д-р Надија Надо од одделот за психијатрија на Универзитетот Лавал. „Тој знаеше дека самоповредувањето не е решение, но не можеше да замисли да го живее целиот свој живот со тие прсти“.

Лекарските прегледи не открија физички или невролошки абнормалности што би можеле да ги објаснат неговите верувања. По психијатриска евалуација, беше утврдено дека пациентот боледувал од нарушување на идентитетот на телото (BID), ретка состојба во која лицето доживува силна желба да се здобие со попреченост.

Пациентот бил подложен на доброволна ампутација и неговите симптоми значително се подобриле по операцијата. Кошмарите престанале, гневот се намалил, а и емоционалниот стрес се намалил исто така.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *