Човекот и кучето пред портите на Рајот (виц)

Умрел еден човек. Неколку часа по него, од мака, умрело и неговото куче. И душата на човекот заедно со неговото куќе одат на небото и застануваат пред една врата со натпис:
„Рај. Забрането влегување со кучиња.“
Човекот не влегол во таа врата и продолжил понатаму. По некое време стигнале до друга врата. Немало никаков натпис, само еден старец стоел до вратата. Човекот прашал:
– Извинете, кој сте вие?
– Јас сум Свети Петар.
– А што има зад таа врата?
– Зад таа врата е Рајот.
– А со кучето може ли?
– Се разбира.
– А што има тогаш зад претходната врата?
– Таму е пеколот. До Рајот стигнуваат само тие коишто не ги оставаат своите пријатели.

  • Tode напиша:

    sho stori jak vic ej…se nemam iznasmeano vaka kuznaj kolku vreme

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Tode Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *